Jump to Navigation

Добредојдовте на веб локацијата на Одделението за соработка со невладините организации

 

Почитувани посетители,

 

Добредојдовте на веб локацијата на Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија. Одделението е формирано како резултат на заложбите на Владата за институционализирање на соработката, промовирање, поддршка и унапредување на партнерските односи со граѓанскиот сектор.

Одделението е надлежно да го следи и координира спроведувањето на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор, се грижи за унапредување на соработката на Владата со граѓанскиот сектор, преку вклучување на граѓанските организации во процесот на креирање политики и создавање услови за финансиска одржливост на граѓанскиот сектор, врши стручно-административна поддршка на работата на Комисијата за распределба на финансиски средства наменети за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации од Буџетот на Република Македонија и на Комисијата за организации со статус од јавен интерес.

Во соработката со граѓанскиот сектор, Одделението ги почитува принципите на взаемна доверба, партнерство, независност, плурализам, учество, транспарентност, одговорност, еднакви можности и недискриминација.

Консултации за подготовка на нова Стратегија за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2018-2020

Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор е значаен документ кој ги содржи основите за соработка на Владата и органите на државната управа со граѓанските организации и мерките за обезбедување поволна средина за развој на граѓанскиот сектор.

Извештајот за преземените мерки и активности од Акцискиот план за спроведување на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор (2012-2017), подготвен од Одделението за соработка со невладини организации во септември оваа година, претставува осврт на реализираните активности и оценка на актуелноста на нереализираните мерки и ќе се користи како почетен документ при подготовка на новата стратегија. Во овој процес, како основа ќе се користат анализите и стратешките документи на граѓанските организации, како што се Предлогот на граѓанските организации за итни демократски реформи (јули 2017), Патоказот за развој на граѓанското општество во Македонија 2018-2022 и други документи.

Консултативна средба за Предлог-одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор

Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на Владата организира консултативна средба со граѓанскиот сектор за Предлог-одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор, што ќе се одржи на 20.10.2017 година (петок), од 11:30 до 14:00 часот, во Клубот на органите на управата (Клуб на пратеници) во Скопје.

П О В И К до граѓанскиот сектор за придонес во подготвувањето на програмата за работа на Владата на Република Македонија за 2018 година

Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија - Одделение за соработка со невладини организации го повикува граѓанскиот сектор за активен придонес во подготвувањето на Програмата за работа на Владата на Република Македонија за 2018 година, согласно член 14 од Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики („Службен весник на РM“ бр.99/11).

Pages

Subscribe to Одделение за соработка со невладини организации RSS


Одделение за соработка со невладини организации

на Генералниот секретаријат на Владата

Бул: Илинден бр.2

1000 Скопје, Република Мекедонија

Телефонски број: 02/3118022 локал 191 или 307

nvosorabotka@gs.gov.mk

Спроведување на стратегија

Финансиска поддршка

Предлози од граѓански сектор

Copyright © 2015 nvosorabotka.gov.mk

 

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат

без посебна дозвола со наведување на изворот.

by Dr. Radut