Jump to Navigation

Одржана работилница за следење на спроведувањето на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020

На 16 и 17 мај 2018 година, во Клубот на органите на управата во Скопје, се одржа работилница наменета за градење на капацитетите на членовите на Мрежата државни службеници за соработка со граѓанскиот сектор. 

Работилницата беше посветена на теоретските и практичните модели за следење на спроведувањето на Стратегијата на Владата на Република Македонија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со и Акциски план 2018-2020. Обуката беше заснована на хрватскиот пример за добри практики, процедури, барања и рокови во процесот на следење, при што беа земени предвид и домашните специфики. Членовите на Мрежата зедоа активно учество и работилницата се одвиваше интерактивно.

Работилницата беше спроведена од страна на проектниот тим од Канцеларијата за соработка со невладини организации од Хрватска, во рамките на брзиот твининг проект "Понатамошно институционализирање на структурирани механизми за соработка помеѓу  Владата и граѓанскиот сектор".

Галерија



Одделение за соработка со невладини организации

на Генералниот секретаријат на Владата

Бул: Илинден бр.2

1000 Скопје, Република Мекедонија

Телефонски број: 02/3118022 локал 191 или 307

nvosorabotka@gs.gov.mk

Спроведување на стратегија

Финансиска поддршка

Предлози од граѓански сектор

Copyright © 2015 nvosorabotka.gov.mk

 

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат

без посебна дозвола со наведување на изворот.

Book | by Dr. Radut