Jump to Navigation

Одржана Тркалезна маса на тема "Понатамошно институционализирање на структурирани механизми за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор“

На 5 јули 2018 година во Клубот на органите на управата се одржа  тркалезна маса на тема „Понатамошно институционализирање на структурирани механизми за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор“, како дел од активностите на истоимениот твининг проект, финансиран од Европската Унија. Настанот се одржа со цел презентација на клучните активности на Предлог-Стратегијата на Владата на Република Македонија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020 и улогата на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор во спроведувањето и следењето на овој стратешки документ.

Во воведното обраќање, г-ѓа Весна Лендиќ Касало, заменик-шеф на Канцеларијата за соработка со НВОи на Владата на Република Хрватска, како најзначајни резултати од твининг проектот ги истакна воспоставувањето на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор и изработката на Предлог-Акцискиот план на Стратегијата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2018-2020. Заменикот на генералниот секретар на Владата на Република Македонија, г-дин Тахир Хани, посочи на структурираната соработка со граѓанското општество како стратешки приоритет на Владата, а г-ѓа Ирена Иванова од Делегацијата на ЕУ во Скопје укажа на важноста на квалитетот во спроведувањето на стратешките документи поврзани со создавање поволна средина за развој на граѓанскиот сектор.

Во панелот кој следеше, г-ѓа Фани Каранфилова-Пановска, претседател на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, г-дин Марјан Николов, член на Советот во областа на економскиот и одржливиот развој, г-ѓа Гордана Гапиќ-Димитровска, заменик-претседател на Советот, претставник на Министерството за информатичко општество и администрација и г-ѓа Весна Лендиќ Касало, говореа за повеќе аспекти важни за идната работа на Советот и за граѓанскиот сектор, како што се воспоставување на Фонд за кофинансирање за ЕУ проекти спроведени од граѓански организации, можности за подобрување на системот на консултации со засегнатата јавност и искуствата на Република Хрватска во воспоставувањето на структуриран дијалог помеѓу државната администрација и граѓанските организации. 

Модераторот, г-ѓа Тања Хафнер-Адеми, ги предложи следните заклучоци и препораки од панел дискусијата: формирање на работна група на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор за следење на спроведувањето на Стратегијата и Акцискиот план, а по потреба формирање и на други работни тела на Советот; усвојување и спроведување на План за комуникација на Советот со јавноста, а особено за комуникација со граѓанските организации кои членовите на Советот ги претставуваат; воспоставување на Фонд за кофинансирање на ЕУ проекти што се спроведуваат од граѓански организации; подобрување и промовирање на употребата на ЕНЕР и зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за учество во процесот на креирање на јавните политики и зајакнување на капацитетите и улогата на Одделението за соработка со невладините организации на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија.

Галерија



Одделение за соработка со невладини организации

на Генералниот секретаријат на Владата

Бул: Илинден бр.2

1000 Скопје, Република Мекедонија

Телефонски број: 02/3118022 локал 191 или 307

nvosorabotka@gs.gov.mk

Спроведување на стратегија

Финансиска поддршка

Предлози од граѓански сектор

Copyright © 2015 nvosorabotka.gov.mk

 

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат

без посебна дозвола со наведување на изворот.

Book | by Dr. Radut