Jump to Navigation

Владата ја усвои Стратегијата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020

На седницата одржана на 9.10.2018 година, усвоена е Стратегијата на Владата на Република Македонија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020. Стратегијата се темели на досега постигнатите резултати, но и разработува рамка за идни активности кои ќе овозможат понатамошно унапредување на соработката и поттикнување на развојот на граѓанскиот сектор, како коректив на политиките, сервис на граѓаните и канал за солидарност, партнер на државата и бизнисот и двигател на ЕУ интеграцијата. 

Мерките во овој стратешки документ се во насока на унапредување на соработката и поттикнување на развојот на граѓанскиот сектор  и се систематизирани во три области: Нормативна, институционална и финансиска рамка за развој на граѓанскиот сектор; Демократизација, активно учество на граѓанскиот сектор во општествените процеси, во креирањето и следењето на политиките, со посебен фокус на процесот на интеграција во Европската Унија и Граѓанскиот сектор како чинител во социјално-економскиот развој. 

Создавањето на стратегијата и акцискиот план беше дел од долг инклузивен и консултативен процес (формирана беше работна група од претставници на 68 граѓански организации пријавени на јавен повик и членовите на Мрежата државни службеници за соработка со граѓанскиот сектор, организирани беа консултации преку веб страницата www.nvosorabotka.gov.mk од 16.11 до 31.12.2017 година и од 11 до 30.4.2018 година и јавни расправи на 16 и 19.4.2018 во Скопје и Битола). Значаен придонес во создавањето на стратегијата и акцискиот план има Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, кој на две тематски седници (30.5 и 13.6.2018 година) расправаше по предлогот и утврди мислење со забелешки и препораки кои беа инкорпорирани во текстот. Активностите на Одделението за соработка со невладини организации беа спроведени со поддршка на твининг проектот „Понатамошно институционализирање на структурирани механизми за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор“, финансиран од ЕУ а спроведуван од Канцеларијата за соработка со НВОи на Хрватска.

Погледнете го целиот текст на Стратегијата на Владата на Република Македонија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2018 – 2020 година, на следниот линк и на Акцискиот план за спроведување на Стратегијата, на следниот линк.



Одделение за соработка со невладини организации

на Генералниот секретаријат на Владата

Бул: Илинден бр.2

1000 Скопје, Република Мекедонија

Телефонски број: 02/3118022 локал 191 или 307

nvosorabotka@gs.gov.mk

Спроведување на стратегија

Финансиска поддршка

Предлози од граѓански сектор

Copyright © 2015 nvosorabotka.gov.mk

 

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат

без посебна дозвола со наведување на изворот.

Book | by Dr. Radut