Submission #99

Деца, млади и студенти
Младински културен центар - Битола
www.mkcbt.org.mk
mkcbt@t.mk
047/233-020
Ул Цар Самуил 29, Битола
Младински културен центар - Битола е граѓанска организација основана во 1999 година. Мисијата на МКЦ-Битола е обединување и развој на креативните потенцијали на младите луѓе и поттикнување на граѓанскиот активизам.
Долгорочни цели: Развој на волонтерството и неформалната едукација; Развој на демократското и граѓанското општество; Развој на урбаната култура и продукција.
Краткорочни цели: Одржлив развој на Волонтерски центар на Македонија; Подобрување и јакнење на вештините кај младите; Поддршка и потикнување на граѓански иницијативи и кампањи; Поддршка и афирмација на урбаната култура.
МКЦ – Битола води и координира проекти и програми поврзувајќи ги младите преку вклучување во настани кои ги истакнуваат нивните потенцијали во областа на волонтерството, неформалното образование, културата и граѓанските иницијативи. МКЦ – Битола веќе девет години работи како национална канцеларија Волонтерски центар на Македонија координирајќи ја размената на волонтери на локално, регионално и меѓународно ниво, едуцира волонтери, нуди консултативни услуги на други субјекти и соработува со други локални и интернационални организации кои промовираат слични вредности. Во рамките на МКЦ – Битола функционира тренинг сервис преку кој континуирано се релизираат голем број на локални, национални и меѓународни обуки за развој на вештини, знаења и компетенции кај младите луѓе.
Младински образовен форум – Скопје, Младински совет – Струмица, АГТИС – Прилеп, СППМД – Кавадарци, Организација на жени Свети Николе, ИРЗ – Тетово, АДИ Гостивар, ФРЛЗ – Штип, Креактив, МОСТ и др.
- Член на Младинската мрежа на југоисточна Европа (South East European Youth Network SEEYN);
- Регионална канцеларија на ГА МОСТ;
- Член на локалната Коалиција за борба против трговија со луѓе;
- Член е на Коалицијата Сите за правично судење;
- Член на Младинската мрежа на млади претприемачи;
- Член на Национален младински совет на Македонија;
- Член на Јадро - Асоцијација на независната културна сцена;
- Член на Асоцијација на Независна културна сцена на Балканот Кооператива.
Директор - Сашо Додовски, Извршен директор - Златко Талевски
30
11