Submission #178

Струкови здруженија
Здружение на преведувачи и толкувачи на РМ
www.mata.mk
Contact@mata.mk
070/737-001
Ул. Скопска бр. 9-1/10
ЗПРМ е професионално здружение основано во декември 2010 година, согласно Законот за граѓански здруженија и фондации, од страна на 10 угледни слободни преведувачи и толкувачи и професори. Мисијата на Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Македонија (ЗПРМ) е да воведе професионални стандарди на пазарот во Република Македонија, да работи на професионалниот развој на членовите на професијата и да создава позитивна перцепција за професиите „преведувач“ и „толкувач“ меѓу членовите на професијата, потенцијалните клиенти и пошироката јавност.
Целите што ЗПРМ си ги зацрта се:
• да ги промовира професиите „преведувач“ и „толкувач“;
• да промовира комуникација и ширење на знаење за користа од работата на преведувачите и на толкувачите;
• да формулира и одржува стандарди за професионални практики и етика, и за професионална оспособеност;
• да го стимулира и поддржува образованието на преведувачите и на толкувачите;
• да претставува медиум за соработка со лицата од сродните и поврзаните професии;
• да поттикнува професионални и општествени односи меѓу своите членови.
Здружението е партнер со ИАПТИ (Меѓународно здружение на професионални преведувачи и толкувачи - https://www.iapti.org/)
Членка е на ЦЕАТЛ (Европски Совет на здруженија на литературни преведувачи - https://www.ceatl.eu/) и на ТермНет (Меѓународна мрежа за терминологија - http://www.termnet.org/)
Огнена Никлуљски
Официјално регистрирани нема, но членовите работат волонтерски за здружението
/