Submission #182

Животна средина и природа
Здружение на граѓани за заштита на животната средина ЕКОЗВОН,Скопје
/
Ekozvonce@yahoo.com
070/268-889
Карл Либкнехт 64 Скопје
Основна цел на ЕКОЗВОН се:

- Заштита на животната средина и биодиверзитетот;
- Промовирање на екологија како наука,
- Ширење на еколошки знаења и унапредување на еколошкото образование,
- Влијание врз планирањето на урбаните средини од еколошки аспект, пред се градот Скопје,општина Гази Баба,
- Залагање за заштита на животните,
- Зачувување и унапредување на статусот на парк- шума Гази Баба
- Следење на меѓународната и домашната еколошка регулатива и залагање за нивно ускладување. Влијание на Здружението во изготвување и усвојување на домашни и меѓународни закони, конвенции, протоколи и сл.;
- Омасовување и подобрување на организацијата и инфраструктурата на Здружението;
Целите на ЕКОЗВОН се остваруваат преку различни форми на делување:

А. ДЕЛУВАЊЕ ВО СФЕРАТА НА ИНФОРМАЦИИТЕ, ОБРАЗОВАНИЕТО И КУЛТУРАТА:
1. курсеви и семинари за едукација на сопственото членство;
2. курсеви, семинари, симпозиуми, тркалезни маси, конференции, трибини и слично, како начин за едукација и свртување на вниманието на стручната и пошироката јавност кон одредена проблематика;
3. соработка со медиумите заради пласирање на одредени пораки и влијание врз јавното мислење;
4. соработка со стручно-научни институции, институции од образовниот систем, институции од државната и локалната власт, раководни структури од стопанството и нестопанството;
5. соработка со домашни и странски организации од ист или сличен тип;
6. печатење и издавање на разновиден пропаганден и едукативен материјал: летоци, плакати, брошури, информативно гласило и слично;
7. соработка со други организации од земјата и од странство;
8. соработка со училишта, факултети и други образовни институции заради едукативно делување меѓу граѓаните а посебно младите;
9. соработка со медиумитe и локалната самоуправа и централната власт заради остварување на целите на Здружението;
Флорозон,
ЕКОСФЕРА
Председател Слаѓана Т Стаменкова
3
/