Submission #24

Лица со посебни потреби
Полио Плус- движење против хендикеп
www.polioplus.org.mk
polioplus@polioplus.org.mk
02/2400-544
бул. Авној 64 лок. 2, 1000 Скопје
Полио Плус – движење против хендикеп е македонска граѓанска организација на лица со и без хендикеп која работи на суштинско поврзување и целосно остварување на основните човекови права и слободи на лицата со хендикеп.
Нашата мисија е јакнење на самодовербата на лицата со хендикеп и креирање на општество со еднакви можности за сите.
Мисијата ја остваруваме преку застапување и лобирање за промена и унапредување на легислативата, образование, вработување и независно живеење на лицата со хендикеп од една страна, како и подигнување на јавната свест, афирмирање на нивната креативност и придонес во заедницата од друга страна.

Во таа насока, нашето делување е и во областа на демократијата, човековите права и владеење на правото, социјална и економска политика, образование, развој на граѓанските организации на лица со хендикеп, етничките заедници и прашањето на хендикепот, рурален развој и прашањето на хендикеп, родовите прашања низ призмата на хендикеп, потрошувачите со хендикеп, како и подигнување на јавната свест и едукација за прашањето на хендикеп и на национално, локално и меѓународно ниво.
Со сите чинители на локално, национално и меѓународно ниво.
Граѓанска платформа на Македонија,
Македонска платформа против сиромаштија
Нулта корупција
Балканска мрежа на организации на лица со хендикеп
Европски форум за хендикеп (ЕДФ)
Межународна мрежа на организации на лица со хендикеп хендикеп (ДПИ)
Европска мрежа за независно живеење (ЕНИЛ).
Звонко Шаврески
/
5