Jump to Navigation

Jавен повик за избор на 13 членови на Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите

 

Врз основа на член 6 став (1) од Одлуката за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и граѓанскиот сектор, Генералниот секретаријат на Владата објавува Jавен повик за избор на 13 членови на Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите.

 

Oрганизациите регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации, можат да предложат кандидат за член на Советот во една од следните области:

  • развој на граѓанскиот сектор;
  • демократија и владеење на правото;
  • промоција и заштита на човековите права и антидискриминација;
  • економски и одржлив развој;
  • наука, образование и доживотно учење;
  • активизам на младите;
  • социјална заштита и заштита на деца;
  • заштита на маргинализираните лица и родова еднаквост;
  • заштита на здравјето и унапредување на квалитетот на живеењето;
  • земјоделство и рурален развој;
  • култура;
  • медиуми и информатичко општество и
  • заштита на животната средина.

 

Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 7.06.2016 година.

 

ОГЛАС

ПРИЈАВА



Одделение за соработка со невладини организации

на Генералниот секретаријат на Владата

Бул: Илинден бр.2

1000 Скопје, Република Мекедонија

Телефонски број: 02/3118022 локал 191 или 307

nvosorabotka@gs.gov.mk

Спроведување на стратегија

Финансиска поддршка

Предлози од граѓански сектор

Архива

Copyright © 2015 nvosorabotka.gov.mk

 

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат

без посебна дозвола со наведување на изворот.

Book | by Dr. Radut