Jump to Navigation

Извештај со јавен повик за гласање

Република Македонија

ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Генерален секретаријат

 

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и граѓанскиот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр.98/16), Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија објавува



ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРИЈАВЕНИ ОРГАНИЗАЦИИ СО КАНДИДАТИ и

 ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГЛАСАЊЕ

за избор на 13 членови на Советот за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите

 

 

I. ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРИЈАВЕНИ ОРГАНИЗАЦИИ СО КАНДИДАТИ

Врз основа на Јавниот повик за избор на 13 членови на Советот за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите, објавен на 23 мај 2016 година, а согласно членовите 5 и 6 од Одлуката за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и граѓанскиот сектор, за членови на Советот за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите се предложени следните кандидати:

Кандидатите можат да се видат на овој линк

 

На јавниот повик свои кандидати предложија и: Здружение Развоен центар Ново Село и Светска Бизнис Организација ИЦЦ Скопје. При административната проверка на пријавите се утврди дека овие организации не го исполнуваат условот да се регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и фондации најмалку три години пред објавувањето на јавниот повик.

 

На јавниот повик свои кандидати предложија и: Здружение Македонски Егеј Штип и Здружение на индивидуални земјоделски производители во Струшко Охридски регион Нова Преродба Струга, но поради некомплетна документација при административната проверка не можеше да се утврди дали организациите и кандидатите ги исполнуваат условите од јавниот повик.

 

II. ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГЛАСАЊЕ  за избор на членови на Советот за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите

Се повикуваат сите активни организации регистрирани во Централниот регистар на Република Македонија согласно Законот за здруженија и фондации, да го дадат својот глас само за еден кандидат, во една област, идентична со областа на дејствување на организацијата.

Организациите не гласаат за кандидатот од нивната организација.

Гласањето се врши со пополнување на Образец за гласање, достапен на следниот линк Образец за гласање

Организациите можат да поддржат само еден кандидат од листата на кандидати.

Организациите можат да поддржат кандидат само во областа што е идентична со областа на дејствување на организацијата, согласно нејзиниот статут.

 

Рокот за гласање е до 07.07.2016 година.

 

Пополнетиот образец за гласање, потпишан од застапникот на организацијата и заверен со нејзиниот печат, треба да се достави преку пошта, на адреса:

Влада на Република Македонија

Генерален секретаријат

Одделение за соработка со невладини организации

бул. “Илинден“ бр.2

1000 Скопје

со назнака: „Поддршка на кандидат за член во Советот“.

или скениран  да се достави по електронски пат на адреса: nvosorabotka@gs.gov.mk.

 

Во рок од 8 дена по завршувањето на гласањето, Генералниот секретаријат – Одделение за соработка со невладини организации на веб страницата www.nvosorabotka.gov.mk ќе објави Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за секоја од областите на дејствување.

 

Доколку за некоја од областите на дејствување не се пријават кандидати или ниту еден од пријавените кандидати не ги исполнува пропишаните услови, повторно ќе биде распишан јавен повик за избор на член на Советот од редот на здруженијата и фондациите, само за таа област на дејствување.

Во случај кога има два или повеќе прворангирани кандидати, гласањето ќе се повтори само во таа област најдоцна 15 дена од објавувањето на Листата на кандидати.

Прашања за појаснување може да се поставуваат по електронски пат на адреса: nvosorabotka@gs.gov.mk.

 



Одделение за соработка со невладини организации

на Генералниот секретаријат на Владата

Бул: Илинден бр.2

1000 Скопје, Република Мекедонија

Телефонски број: 02/3118022 локал 191 или 307

nvosorabotka@gs.gov.mk

Спроведување на стратегија

Финансиска поддршка

Предлози од граѓански сектор

Copyright © 2015 nvosorabotka.gov.mk

 

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат

без посебна дозвола со наведување на изворот.

Book | by Dr. Radut