Национален форум – Саем на граѓански организации „Соработка на Владата и граѓанското општество“

На 26.11.2025 година се одржа Националниот форум – Саем на граѓанските организации „Соработка на Владата и граѓанското општество“, кој втора година по ред се организира во соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Швајцарската програма за поддршка на граѓанското општество Цивика мобилитас, која ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). На свеченото отворање Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ја пренесе визијата на Владата за граѓанскиот сектор како силен, независен, професионален и одржлив кој е вистински партнер во креирањето и реализацијата на државните политики, „сектор кој ја засилува демократијата, ги штити правата на граѓаните, ја следи работата на институциите и помага да се затвори јазот меѓу институциите и народот“.

На настанот учествуваа 250 претставници на институциите и на граѓанските организации. Програмата вклучи дебати и дискусии на различни теми и тоа: образование и наука, социјална политика, демографија и млади, животна средина, здравство, дигитализација, добро владеење, локална самоуправа и овозможувачка околина, а во изложбениот дел се претставија 35 граѓански организации, најголем број од нив дигитално.

Линк до обраќањето на претседателот на Владата 

Линк до целосна вест за настанот

 

Macedonian