Добредојдовте на веб локацијата на Одделението за соработка со невладините организации

 

Почитувани посетители,

 

Добредојдовте на веб локацијата на Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на Владата. Одделението е формирано како резултат на заложбите на Владата на Република Северна Македонија за институционализирање на соработката, промовирање, поддршка и унапредување на партнерските односи со граѓанскиот сектор.

Одделението е надлежно да го следи и координира спроведувањето на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, се грижи за унапредување на соработката на Владата со граѓанскиот сектор, преку вклучување на граѓанските организации во процесот на креирање политики и создавање услови за финансиска одржливост на граѓанскиот сектор, врши стручно-административна поддршка на работата на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Комисијата за распределба на финансиски средства наменети за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации и на Комисијата за организации со статус од јавен интерес.

Во соработката со граѓанскиот сектор, Одделението ги почитува принципите на взаемна доверба, партнерство, независност, плурализам, учество, транспарентност, одговорност, еднакви можности и недискриминација.

Извештај за пријавени организации со кандидати и Јавен повик за гласање за избор на член на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор за областа „Економски и одржлив развој“

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации објавува Извештај за пријавени организации со кандидати по Јавниот повик за избор на двајца членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите, за областите „Економски и одржлив развој“ и „Медиуми и информатичко општество“ (објавен на 29.10.2019 година) и Јавен повик за гласање за избор на еден член на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите за областа „Економски и одржлив развој“.

Консултативни средби со граѓанските организации за утврдување на приоритетните области за финансирање на здруженијата и фондациите од Буџетот за 2020 година

Со цел воспоставување на редовна пракса на широки консултации за утврдување на приоритетите за финансирање на граѓанските организации од државата, Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат во соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), организираше три консултативни средби со граѓански организации во Скопје (12.11.2019 година), Битола (14.11.2019 година) и Штип (15.11.2019 година).

Консултации за утврдување на приоритетите за финансирање на граѓанските организации од Буџетот за 2020 година

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со Одделението за соработка со невладини организации во Генерален секретаријат, ве поканува да земете учество во консултациите за утврдување на приоритетите за финансирање на граѓанските организации од Буџетот за 2020 година. Консултациите се организираат во рамките на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“ која е финансирана од Европската Унија. 

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS