Добредојдовте на веб локацијата на Одделението за соработка со невладините организации

 

Почитувани посетители,

 

Добредојдовте на веб локацијата на Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на Владата. Одделението е формирано како резултат на заложбите на Владата на Република Северна Македонија за институционализирање на соработката, промовирање, поддршка и унапредување на партнерските односи со граѓанскиот сектор.

Одделението е надлежно да го следи и координира спроведувањето на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, се грижи за унапредување на соработката на Владата со граѓанскиот сектор, преку вклучување на граѓанските организации во процесот на креирање политики и создавање услови за финансиска одржливост на граѓанскиот сектор, врши стручно-административна поддршка на работата на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Комисијата за распределба на финансиски средства наменети за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации и на Комисијата за организации со статус од јавен интерес.

Во соработката со граѓанскиот сектор, Одделението ги почитува принципите на взаемна доверба, партнерство, независност, плурализам, учество, транспарентност, одговорност, еднакви можности и недискриминација.

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објавува Повик до граѓанскиот сектор за учество во мерката Субвенционирање на плати за вработување на корисници на гарантирана минимална помош

Дали сте невладина организација која има потреба од финансиска поддршка за нови вработувања? Дали сакате да им помогнете на лицата корисници на гарантирана минимална парична помош да се вклучат на пазарот на трудот? Ако одговорот е - ДА Јавниот оглас Субвенционирање на плати е погоден за Вас.

Јавниот Оглас Субвенционирање на плати го објавува  Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија во рамки на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ финансиран од Европската Унија, а врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година.

Macedonian

Јавен повик за учество на два члена и еден набљудувач од здруженија и фондации во Заедничкиот консултативен комитет за граѓанското општество на ЕУ и РСМ

Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, на барање на Министерството за труд и социјална политика, објавува Јавен повик за учество на два члена и еден набљудувач од здруженија и фондации во Заедничкиот консултативен комитет за граѓанското општество на Европската Унија и Република Северна Македонија. Кандидатите треба да имаат професионални компетенции и граѓанска активност од области на економско-социјалната сфера (владеење на право, човекови права, заштита на животната средина, вработување и пазар на труд, социјална заштита, работни односи, законодавство на Европската Унија), а организациите што ги предлагаат да се регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и фондации најмалку три години пред објавувањето на јавниот повик и во статутот на имаат утврдени дејности и цели во овие области.

Јавен повик

Образец на пријава

 

Macedonian

Прашалник за консултирање на граѓанските организации за потребата од изменување и/или дополнување на Одлуката за формирање на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор и Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на Владата започнаа постапка за утврдување на потребите за изменување и/или дополнување на Одлуката за формирање на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор („Службен весник на РМ“ бр.98/16 и 164/17 и „Службен весник на РСМ“ бр.97/19). Се повикуваат граѓанските организации активно да придонесат во унапредување на работата Советот, преку пополнување на Прашалник до 30.10.2020 година, што е достапен на следниот линк.

 

 

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS