Добредојдовте на веб локацијата на Одделението за соработка со невладините организации

 

Почитувани посетители,

 

Добредојдовте на веб локацијата на Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на Владата. Одделението е формирано како резултат на заложбите на Владата на Република Северна Македонија за институционализирање на соработката, промовирање, поддршка и унапредување на партнерските односи со граѓанскиот сектор.

Одделението е надлежно да го следи и координира спроведувањето на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, се грижи за унапредување на соработката на Владата со граѓанскиот сектор, преку вклучување на граѓанските организации во процесот на креирање политики и создавање услови за финансиска одржливост на граѓанскиот сектор, врши стручно-административна поддршка на работата на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Комисијата за распределба на финансиски средства наменети за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации и на Комисијата за организации со статус од јавен интерес.

Во соработката со граѓанскиот сектор, Одделението ги почитува принципите на взаемна доверба, партнерство, независност, плурализам, учество, транспарентност, одговорност, еднакви можности и недискриминација.

Jавен повик за избор на 5 членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите

Генералниот секретаријат на Владата објавува Jавен повик за избор на 5 членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите за областите: Земјоделство и рурален развој, Медиуми и информатичко општество, Заштита на животната средина, Спорт и ЕУ интеграции и политики.  Рокот за поднесување на пријавите е до 26 мај 2021 година.

 

 

Јавен повик

Пријава

Macedonian

Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации објавува Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за избор на 16 членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите. Јавниот повик за избор на членови на Советот за областите: Земјоделство и рурален развој, Медиуми и информатичко општество, Заштита на животната средина, Спорт и ЕУ интеграции и политики, ќе се повтори.

Листа на кандидати според бројот на добиени гласови

 

Undefined

Консултативен процес за изработка на Стратегија на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2021-2023

Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор е клучен документ кој ги содржи заложбите на Владата и органите на државната управа за унапредување на соработката со граѓанските организации и мерките за обезбедување поволна средина за развој на граѓанското општество.

Извештајот за преземените мерки и активности од Акцискиот план за спроведување на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор (2018-2020) во 2020 година, претставува осврт на реализираните активности и оценка на актуелноста на нереализираните мерки и ќе се користи како почетен документ при подготовка на новата Стратегија.

Со цел директно и суштинско учество на граѓанските организации во изготвувањето на новата Стратегија на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2021-2023, Одделението за соработка со невладини организации отвара широк консултативен процес преку кој ги повикуваме сите заинтересирани граѓански организации активно да се вклучат со свои предлози за мерки и активности што сметаат дека треба да претставуваат дел од политиките на Владата за соработка со граѓанското општество во наредниот тригодишен период.

Undefined

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS