Добредојдовте на веб локацијата на Одделението за соработка со невладините организации

 

Почитувани посетители,

 

Добредојдовте на веб локацијата на Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на Владата. Одделението е формирано како резултат на заложбите на Владата на Република Северна Македонија за институционализирање на соработката, промовирање, поддршка и унапредување на партнерските односи со граѓанскиот сектор.

Одделението е надлежно да го следи и координира спроведувањето на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, се грижи за унапредување на соработката на Владата со граѓанскиот сектор, преку вклучување на граѓанските организации во процесот на креирање политики и создавање услови за финансиска одржливост на граѓанскиот сектор, врши стручно-административна поддршка на работата на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Комисијата за распределба на финансиски средства наменети за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации и на Комисијата за организации со статус од јавен интерес.

Во соработката со граѓанскиот сектор, Одделението ги почитува принципите на взаемна доверба, партнерство, независност, плурализам, учество, транспарентност, одговорност, еднакви можности и недискриминација.

Продолжен рокот за пријавување на оглас за избор на два члена на Комисијата за организации со статус од јавен интерес

Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија го продолжува рокот за пријавување на Огласот за избор на два члена на Комисијата за организации со статус од јавен интерес, од организации регистрирани во согласност со Законот за здруженија и фондации. Кандидатите предложени од организациите треба да имаат експертиза од областа на граѓанскиот сектор и познавање на националното законодавство поврзано со некоја од областите определени како дејности од јавен интерес во член 74 од Законот за здруженија и фондации. Рокот за пријавување на кандидатите е 5 јули 2022 година.

 

Оглас 

<--break-><--break-><--break->

Macedonian

Насоки за поддршка на ЕУ за граѓанското општество во регионот на проширување 2021-2027

 

Објавени се новите Насоки за поддршка на ЕУ за граѓанското општество во регионот на проширување 2021-2027. Овие Насоки ја трасираат целта за помош на ЕУ за граѓанското општество, обезбедуваат алатка за владите да ја подобрат соработката со граѓанското општество и даваат индикатори за мерење на напредокот кон исполнување на условите за интеграција во ЕУ. Во периодот од 2014 до 2020 година, ЕУ обезбеди околу 330 милиони евра поддршка за граѓанското општество; Насоките се една алатка која и помага на ЕУ да го процени влијанието на оваа поддршка.

EU Guidelines for Support to Civil Society in the Enlargement region (2021-2027)

Undefined

Оглас за избор на два члена на Комисијата за организации со статус од јавен интерес

 

Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија распишува Оглас за избор на два члена на Комисијата за организации со статус од јавен интерес, од организации регистрирани во согласност со Законот за здруженија и фондации. Кандидатите предложени од организациите треба да имаат експертиза од областа на граѓанскиот сектор и познавање на националното законодавство поврзано со некоја од областите определени како дејности од јавен интерес во член 74 од Законот за здруженија и фондации. Рокот за пријавување на кандидатите е 22 јуни 2022 година.

 

Оглас

Undefined

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS