Одржана 16. седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

На 28 октомври 2019 година во Клубот на органите на управата, се одржа 16. седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор. 

Советот ги разгледа Барањата за престанок на членување во Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор поднесени од членовите Бесим Небиу и Марјан Николов и го констатираше нивниот престанок на членување во Советот. За таа цел објавен е Јавен повик за избор на двајца членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од редот на граѓанските организации, во областите Економски и одржлив развој и Медиуми и информатичко општество, а за учество во работата на Одделението при подготовка на Извештајот за бројот на пријавени организации со кандидати, беа номинирани: Ирена Цветковиќ и Уранија Пировска. Советот ја разгледа и Листата за евиденција за присуство/отсуство на членовите на Советот, подготвена од страна на Одделението и одлучи дека согласно Одлуката за формирање на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, член 9 став 1 алинеја 2, поради отсуство од три седници на Советот во текот на една година, им престанува членувањето во Советот на членовите: Славјанка Петровска од Министерство за внатрешни работи; Хајрије Сопи од Министерство за култура и Дарко Каевски од Агенцијата за млади и спорт.

Јавен повик за избор на двајца членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, на седницата одржана на 28.10.2019 година, констатира дека на членовите од редот на здруженијата и фондациите во областите „Економски и одржлив развој“ и „Медиуми и информатичко општество“, на лично барање, им престанува членувањето во Советот. Јавниот повик се објавува за избор на еден член на Советот од редот на здруженијата и фондациите за областа „Економски и одржлив развој“ и еден член на Советот од редот на здруженијата и фондациите за областа „Медиуми и информатичко општество“.

Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 12.11.2019 година.

Јавен повик

Пријава

Одлука за распределба на средствата наменети за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации за 2019 година

Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 3.10.2019 година донесе Одлука за распределба на средствата од Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година наменети за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации.

Одржана 15. седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

На 24 септември 2019 година во Клубот на органите на управата, се одржа 15. седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор. Јане Чаловски ги информираше присутните членови за работата на Комисијата за распределба на финансиски средства наменети за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите од Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година и формирањето на Оперативно тело за евалуација на проектите од Огласот за финансиска поддршка на здруженија и фондации за 2019 истакнувајќи дека процесот бил професионален и транспарентен.

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS