Во инклузивен и транспарентен процес 40 граѓански организации добија финансиска поддршка за проекти посветени на КОВИД-19

Во инклузивен и транспарентен процес Владата на Република Северна Македонија со одлука за распределба на финансиски средства обезбеди финансиска поддршка на здруженија и фондации за реализација на мерки за справување со КОВИД-19. На овој начин се доделија средства за реализација на 40 проекти на здруженија и фондации, во вкупна вредност од 29.519.495 денари. Комисијата за распределба на финансиските средства ја сочинуваат пет членови кои доаѓаат од Владата, односно Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација (претседател), Ѓонул Бајрактар, заменик министер за труд и социјална политика, Бујар Османи, заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Арбер Адеми, министер за образование и наука и Драги Рашковски, генерален секретар на Владата. Дополнително, со цел зголемување на транспарентноста и подобрување на квалитетот на процесот на распределба, во составот на Комисијата се именувани и два члена на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, односно Уранија Пировска и Јане Чаловски.

Undefined

Одлука за распределба на финансиски средства наменети за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со КОВИД-19 кризата

Владата на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 13.6.2020 година, донесе Одлука за распределба на финансиски средства наменети за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со КОВИД-19 кризата, со која се доделени 40 гранта на здруженија и фондации, во вкупна вредност од 29.519.495 денари.

Одлука за распределба на финансиски средства наменети за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со КОВИД-19 кризата

Ранг листа на Комисијата за распределба на финансиски средства наменети за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со КОВИД-19 кризата​

Undefined

Оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со COVID-19 кризата

Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат распишува Оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со COVID-19 кризата, во вкупен износ од 30.000.000 денари, кои ќе се користат за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации преку грантови  од 600.000 до 900.000 денари. На огласот можат да учествуваат здруженија и фондации кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации најмалку 2 години пред објавувањето на огласот. Рокот за поднесување на пријавите со потребната документација е најдоцна до  11 јуни 2020 година, до 12:00 часот. Пополнетиот образец на пријава, образец за буџет и скенирана Тековна состојба од уписот во Централен регистар на РСМ, се доставуваат по електронски пат на адреса nvosorabotka@gs.gov.mk со назнака Пријава за оглас. Страниците кои содржат потпис и печат треба да се испратат скенирани.

 

Оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со COVID-19 кризата

Образец на Пријава со предлог-проект

Образец на Буџет со оправданост на трошоците

Undefined

Одржана 21. (дописна) седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

На 5 јуни 2020 година се одржа 21. (дописна) седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор. На седницата, Советот утврди позитивно мислење по Предлог-програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за мерки за справување со COVID-19 кризата, Предлог-одлуката за критериумите и постапката за распределба на средства за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации од Буџетот на Република Северна Македонија за мерки за справување со COVID-19 кризата и текстот на Огласот за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со COVID-19 кризата. Материјалите беа подготвени од Одделението за соработка со невладини организации и дополнети со предлози од граѓански организации консултирани преку членовите на Советот. Советот номинираше два свои членови од редот на граѓанските организации да учествуваат во работата на Комисијата за распределба на средствата, со право на глас. 

Undefined

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS