Оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со COVID-19 кризата

Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат распишува Оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со COVID-19 кризата, во вкупен износ од 30.000.000 денари, кои ќе се користат за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации преку грантови  од 600.000 до 900.000 денари. На огласот можат да учествуваат здруженија и фондации кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации најмалку 2 години пред објавувањето на огласот. Рокот за поднесување на пријавите со потребната документација е најдоцна до  11 јуни 2020 година, до 12:00 часот. Пополнетиот образец на пријава, образец за буџет и скенирана Тековна состојба од уписот во Централен регистар на РСМ, се доставуваат по електронски пат на адреса nvosorabotka@gs.gov.mk со назнака Пријава за оглас. Страниците кои содржат потпис и печат треба да се испратат скенирани.

 

Оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со COVID-19 кризата

Образец на Пријава со предлог-проект

Образец на Буџет со оправданост на трошоците

Undefined

Одржана 21. (дописна) седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

На 5 јуни 2020 година се одржа 21. (дописна) седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор. На седницата, Советот утврди позитивно мислење по Предлог-програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за мерки за справување со COVID-19 кризата, Предлог-одлуката за критериумите и постапката за распределба на средства за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации од Буџетот на Република Северна Македонија за мерки за справување со COVID-19 кризата и текстот на Огласот за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со COVID-19 кризата. Материјалите беа подготвени од Одделението за соработка со невладини организации и дополнети со предлози од граѓански организации консултирани преку членовите на Советот. Советот номинираше два свои членови од редот на граѓанските организации да учествуваат во работата на Комисијата за распределба на средствата, со право на глас. 

Undefined

Одржана 20. (дописна) седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

На 16 април 2020 година се одржа 20. (дописна) седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор. Советот, по предлог на Платформата на граѓански организации за борба против корупција, усвои Информација за преземени мерки од страна на здруженијата и фондациите во справувањето со пандемијата COVID-19 и барање за вклучување на претставници на здруженијата и фондациите во соодветните „антикризни тела“. На оваа седница се усвои и Реакција на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор за намалување на финансиската поддршка за граѓанските организации. 

Undefined

Одржана 19. (дописна) седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

На 26-27 март 2020 година се одржа 19. (дописна) седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор. Советот го усвои Извештајот за својата работа во 2019 година и утврди позитивно мислење по Извештајот за спроведените мерки и активности од Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор (2018-2020), во 2019 година.Советот на оваа седница го усвои и Записникот од спроведениот консултативен процес со здруженијата и фондациите од страна на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор по текстот на Анализата на финансиската поддршка на здруженијата и фондациите од Буџетот на Република Северна Македонија (од 2017г. до првата половина на 2019г.) со компаративна анализа на моделите за државно финансирање од другите земји и предлог-модел на Фонд за институционална поддршка на граѓанските организации и ко-финансирање на ЕУ проектите во РСМ.

Undefined

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS