Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за член на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации објавува Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за избор на член на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите за областa Заштита на животната средина.

 

Листа на кандидати според бројот на добиени гласови

Macedonian

Консултации за утврдување на приоритетите за финансиска поддршка на граѓанските организации во 2022 година

 

Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат организира консултативен процес со граѓанските организации за утврдување на приоритетите за финансиска поддршка на граѓанските организации од Буџетот на Владата на Република Северна Македонија за 2022 година. Се повикуваат граѓанските организации активно да се вклучат во консултативниот процес и да достават свое мислење и предлози по Табелата со предлог-приоритети и активности за финансиска поддршка на здруженија и фондации за 2022 година, најдоцна до 21.12.2021 година, на електронската пошта nvosorabotka@gs.gov.mk со назнака „Мислење за приоритети за финансиска поддршка на ГО“.

Табела со предлог-приоритети и активности за финансиска поддршка на здруженија и фондации за 2022 г.

Macedonian

Кодекс за граѓански организации

 

Кодексот за граѓански организации претставува заедничка инцијатива на повеќе од 50 граѓански организации. Целта на Кодексот е да го зајакне системот на саморегулација и да придонесе за поголема професионалност и отчетност на организациите. Кодексот е доброволен, а секоја граѓанска организација која ќе му пристапи презема одговорност за почитување и практикување на заложбите, вредностите и стандардите утврдени во него. 51 граѓанска организација веќе го потпишаа Кодексот, а сите заинтересирани организации кои сакаат да пристапат ќе најдат повеќе информации на следниот линк: https://mcms.mk/mk/kodeks-za-go

Кодекс за граѓански организации

Macedonian

Работилница за информирање, комуникација и консултација со засегнатите страни на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанскотоопштество

Во организација на проектот „Техничка поддршка за унапредување на овозможувачката околина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, финансиран од Европската унија, на 24 и 25 ноември 2021 година, се одржа онлајн Работилница за информирање, комуникација и консултација со засегнатите страни на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество. Целта на работилницата беше да се постигне заедничко разбирање за главните предуслови за ефективна внатрешна и надворешна комуникација на Советот, подобрување на севкупниот квалитет на планирање на комуникациските активности на Советот, дискутирање за пристапите на стратешка комуникација со главните чинители, договор за следните чекори во развојот на годишната програма за работа и годишниот план за комуникација на активностите на Советот.

Агенда

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS