Jавен повик за избор на член на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество во областа Заштита на животната средина

Генералниот секретаријатна Владата објавува Jавен повикза избор на член на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општествоод редот на здруженијата и фондациите за областаЗаштита на животната средина.Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта, на адреса: Влада на Република Северна Македонија, Генерален секретаријат, Одделение за соработка со невладини организации, бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје, со назнака: „Пријава за избор на член на Советот“ или да се достави лично во архивата на Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат, од 8:30 до 15:30 часот. Рокот за поднесување на пријавите е до 17 ноември 2021 година.

Јавен повик

Пријава

 

Macedonian

Консултации за Нацрт-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акциски план 2021-2024

 

Граѓанското општество е клучна компонента на секој демократски систем и продолжува да биде препознаено како такво од државните институции. Стратегијата на Владата на Република Северна Македонија за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акциски план 2021-2024 година, има за цел унапредување на околината во која функционира и се развива граѓанското општество кое придонесува во зајакнување на демократското управување и воспоставување на структурен дијалог со граѓанското општество. Нацртот на овој стратешки документ е резултат на повеќемесечна активност на Работната група составена од претставници на Генералниот секретаријат на Владата, ресорните министерства и граѓанските организации кои доставија предлози на повикот објавен на www.nvosorabotka.gov.mk во мај оваа година.Се повикуваат сите заинтересирани граѓански организации да достават мислење по Нацртот на Стратегијата и Акцискиот план, со конкретни забелешки и предлози, до 10 ноември 2021 година, по електронски пат на адреса nvosorabotka@gs.gov.mk со назнака „Мислење по Нацрт-Стратегијата 2021-2024“.

Нацрт-Стратегија

Нацрт-Акциски план

Macedonian

Одржан состанок со Работната група за изработка на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество

На 7.10.2021 година  се одржа состанок на Работната група за изработка на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акциски план 2021-2024. Целта на состанокот беше разгледување на третиот нацрт на Стратегија, во кој се инкорпорирани поголем дел од препораките на проектот „Техничка поддршка за унапредување на овозможувачката околина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, презентирани на работилницата одржана на 14.9.2021 година. Присутните членови на Работната група искажаат задоволство од ажурираниот текст на Стратегијата и се обврзаа да достават конкретни предлози за дополнување на текстот на Акцискиот план од 14.10.2021 година, со цел отпочнување на пошироки консултации со граѓанските организации во втората половина на октомври оваа година.

 

Macedonian

Повторен јавен повик за учество на два претставници на граѓанското општество во Работната група за реформа на системот на државно финансирање на граѓанските организации

Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, на седницата одржана на 15.9.2021 година, за претставници на граѓанското општество во Работната група за реформа на системот на државно финансирање на граѓанските организации ги предложи: Данче Даниловска–Бајдевска од Фондација Отворено општество - Македонија, Лилјана Јоноски од Здружение Рурална Коалиција Куманово и Александар Кржаловски од Македонски центар за меѓународна соработка.  Останатите пријавени кандидати не добија потребен број гласови од членовите на Советот, поради што Советот одлучи повторно да се објави Јавен повик за учество на два претставници на граѓанското општество во Работната група за реформа на системот на државно финансирање на граѓанските организации. Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку електронска пошта на nvosorabotka@gs.gov.mkсо назнака „Пријава за РГ финансирање на ГО“најдоцна до 30 септември 2021 година.

Јавен повик

Пријава

 

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS