Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за 2 членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

 

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации објавува Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за избор на 2 членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите за областите: Заштита на животната средина и ЕУ интеграции и политики.

 

Macedonian

Назначени членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

 

Врз основа на член 36 став 6 од Законот за Владата на Република Македонија (,,Службен весник на Република Македонија “ бр. 59/2000, 12/2003, 55/2005, 37/2006, 115/2007, 19/2008, 82/2008, 10/2010, 51/2011, 15/2013, 139/2014 и 196/2015), член 1 и член 3 од Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество  („Службен весник на Република Mакедонија“ бр. 98/16, 164/17 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 97/19 и 116/2021) Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 30 јули 2021 година, донесе Решение за назначување членови на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество.

Macedonian

Одржан состанок на Работната група за изработка на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2021-2024

Во рамки на консултативниот процес со граѓанските организации за изработка на новата Стратегија на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество,  на 29.7.2021 година се одржа online состанок на Работната група за изработка на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2021-2024.

Во периодот 26 април – 26 мај 2021 година, Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на Владата, на веб страницата www.nvosorabotka.gov.mk ги повика сите заинтересирани граѓански организации активно да се вклучат со свои предлози за мерки и активности што сметаат дека треба да претставуваат дел од политиките на Владата за соработка со граѓанското општество во наредниот тригодишен период. Пристигнатите иницијативи од 13 граѓански организации беа систематизирани во три приоритетни области: Нормативна, институционална и финансиска рамка за развој на граѓанското општество, Демократизација, активно учество на граѓанското општество во општествените процеси, во креирањето и следењето на политиките, со посебен фокус на процесот на интеграција во Европската Унија и Граѓанското општество како чинител во социјално-економскиот развој.

Macedonian

Извештај за пријавени организации со кандидати и Jавен повик за гласање за избор на 2 членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

 

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации објавува Извештај за пријавени организации со кандидати по јавниот повик за избор на 2 членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите за областите Заштита на животната средина и ЕУ интеграции и политики, објавен на 7.7.2021 година и Јавен повик до организациите да го дадат својот глас само за еден од кандидатите во областа на нивното дејствување. Секоја активна организација регистрирана во Централниот регистар на Република Северна Македонија може да гласа само за еден кандидат, освен за кандидатот од својата организација, со пополнување на образецот за гласање и негово доставување по пошта или електронска пошта на nvosorabotka@gs.gov.mk, до 11.8.2021 година. Во прилог на образецот за гласање се доставува копија од Тековна состојба издадена од Централниот регистар. Организациите што го оствариле своето право на глас во периодот од 14 до 29.04.2021 година или од 7 до 21.6.2021 година и нивниот глас се сметал за важечки, немаат право повторно да гласаат.

Извештај со јавен повик за гласање мк

Извештај со јавен повик за гласање ал

Образец за гласање

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS