Одлука за распределба на средствата наменети за финансисирање на програмските активности на здруженија и фондации

 

Владата на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 19.7.2021 година, донесе Одлука за распределба на средствата од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година наменети за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации. Со оваа одлука се врши распределба на 19.800.000 денари од планираните средства во Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година на 33 организации за проекти во 7 приоритети:

Приоритет 1: Обезбедување забрзан и одржлив економски раст, повисок животен стандард и квалитет на живот на граѓаните, со вкупно доделени 6.600.000 денари;
Приоритет 2: Справување со светската пандемија предизвикана од КОВИД-19, со вкупно доделени 6.000.000 денари;
Приоритет 3: Заштита на животната средина, зелен развој, намалување на аерозагадувањето и влијанието на климатските промени, со вкупно 1.800.000 денари;
Приоритет 4: Владеење на правото, независност на правосудството, доследна и неселективна борба против криминалот и корупцијата со широка и обврзувачка транспарентност, со вкупно доделени 1.800.000 денари;
Приоритет 5: Квалитетно образование достапно за сите согласно побарувачката на пазарот на трудот, со вкупно доделени 2.400.000 денари;
Приоритет 6: Модерна и ефикасна јавна администрација базирана на дигитализација која обезбедува квалитетни и брзи услуги за граѓаните и деловните субјекти, со вкупно доделени 600.000 денари; и
Приоритет 7: Успешно водење на пристапните преговори со Европската Унија, со вкупно доделени 600.000 денари.

 

Одлука за распределба на средствата од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година наменети за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации

Ранг листа на Комисијата за распределба на финансиски средства наменети за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година

Macedonian

Јавен повик за учество на пет претставници на граѓанското општество во Работната група за реформа на системот на државно финансирање на граѓанските организации

 

Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество објавува Јавен повик за учество на пет претставници на граѓанското општество во Работната група за реформа на системот на државно финансирање на граѓанските организации. Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку електронска пошта на nvosorabotka@gs.gov.mk со назнака „Пријава за РГ финансирање на ГО“ најдоцна до 30 јули 2021 година.

 

Јавен повик

Пријава

Macedonian

Jавен повик за избор на 2 членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

 

Генералниот секретаријат на Владата објавува Jавен повик за избор на 2 членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите за областите: Заштита на животната средина и ЕУ интеграции и политики.  Рокот за поднесување на пријавите е до 21 јули 2021 година.

 

Јавен повик

Пријава

Macedonian

Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за 5 членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

 

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации објавува Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за избор на 5 членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите за областите: Земјоделство и рурален развој, Медиуми и информатичко општество, Заштита на животната средина, Спорт и ЕУ интеграции и политики.

 

Листа на кандидати според бројот на добиени гласови

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS