Повик до граѓанските организации за придонес во работата на Главниот штаб за управување со кризи

На 25. седница, одржана на 2.12.2020 година, Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, номинираше два претставници на здруженија и фондации за учество во работата на Главниот штаб за управување со кризи, без право на глас: Уранија Пировска, Хелсиншки комитет за човекови права Скопје и Зоран Дранговски, Македонско здружение на млади правници Скопје.

Врз основа на Одлуката на Владата на Република Северна Македонија бр.44-11138/1 од 20.11.2020 година за постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест Ковид-19 предизвикана од вирусот САРС-КОВ-2 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението, Главниот штаб за управување со кризи е во постојано заседание.

Во насока на транспарентна работа и опфаќање на поголем број теми кои се од значење за пошироката јавност, Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор  ги повикува граѓанските организации активно да придонесат во работата на Главниот штаб, и да доставуваат предлози на теми и актуелни прашања за разгледување на седниците на Главниот штаб на следните адреси: Uranija.pirovska@mhc.org.mk и zdrangovski@myla.org.mk.

 

Macedonian

Одржана 27. (дописна) седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

Screenshot_2.png

На 28 декември 2020 година се одржа 27. (дописна) седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор за планирање на областите и специфичните приоритети за финансирање на активности на здруженија и фондации од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година. На седницата Советот ја разгледа Предлог-програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2021 година, изработена согласно предлозите од граѓански организации и коментарите од органите на управата. Советот препорача намалување на бројот и конкретизирање активностите, а во однос на висината на грантовите, мнозинството членови на Советот го поддржа предлогот од 600.000 до 900.000 денари.

 

Macedonian

Јавен повик за учество на граѓански организации во развивање на Национална Стратегија за заштита и спасување

Дирекцијата за заштита и спасување, во соработка со Светска Банка, започна проект – Техничка помош за зајакнување на системот за управување со катастрофи на Северна Македонија, за преглед и ажурирање на Националната Стратегија за заштита и спасување од 2014 година и преглед на клучните придружни национални планови и документи за проценка, со користење на модифициран пристап за решавање на предизвиците од пандемијата со Ковид-19.

Macedonian

Консултации за утврдување на приоритетите за финансиска поддршка на граѓанските организации во 2021 година

Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, на 26.тематска седница, одржана на 7.12.2020 г. разгледа предлог-приоритети и активности за финансиска поддршка на здруженија и фондации од предлог-буџетот на Владата на Република Северна Македонија за 2021 година, предложени од граѓански организации преку членовите на Советот и заклучи дека е потребно да се обезбеди мислење по предлог-приоритетите и активностите од сите министерства и да се организира консултативен процес со граѓанскиот сектор.

Се повикуваат граѓанските организации активно да се вклучат во консултативниот процес и да достават свое мислење и предлози по Табелата со предлог-приоритети и активности за финансиска поддршка на здруженија и фондации за 2021 г., најдоцна до 25.12.2020 година, на електронската пошта nvosorabotka@gs.gov.mk со назнака „Мислење за приоритети за финансиска поддршка на ГО“.

Табела со предлог-приоритети и активности за финансиска поддршка на здруженија и фондации за 2021 г.

 

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS