Одлука за финансиска поддршка на здруженија и фондации

Владата на Република Македонија на седницата одржана на 5.04.2016 година донесе Одлука за распределба на средствата од Буџетот на Република Македонија за 2016 година наменети за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации. Одлуката е објавена во „Службен весник на РМ" бр.68/16. Со здруженијата и фондации на кои им се доделени финансиски средства во износ од 300.000 денари ќе бидат склучени договори за обезбедување финансиска поддршка, а договорен период за спроведување на проектите е до 31.12.2016 година

Macedonian

Оглас за избор на два члена на Комисијата за организации со статус на јавен интерес

Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат распишува Оглас за избор на два члена на Комисијата за организации со статус на јавен интерес, од организации регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации. Кандидатите за членови треба да имаат експертиза од областа на граѓанскиот сектор и познавање на националното законодавство поврзано со некоја од областите определени како дејности на јавен интерес во член 74 од Законот за здруженија и фондации. Рокот за пријавување на кандидатите е 12 февруари 2016 година.

Оглас

Macedonian

Оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации

 

Владата на Република Македонија –Генерален секретаријат распишува Оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации за распределба на средствата од Буџетот на Република Македонија за 2016 година, во вкупен износ од 12.000.000,00 денари, кои ќе се користат за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации, преку грантови за програми (проекти) во 4 приоритетни области. Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 26.02.2016 година.  

 

Оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации

Пријава за финансиска поддршка на здруженија и на фондации

Предлог – проект

Macedonian

Промоција на договорите за грант од ИПА 2011

На 18.12.2015 година, со почеток во 10:30 часот, во просториите на ЕУ Инфо центарот на Делегацијата на Европската унија, беше промовирано потпишувањето на договорите за грант финансирани од Европската унија во рамките на ИПА ТАИБ 2011  грантовата шема „Понатамошен развој и финансиска одржливост на граѓанскиот сектор“

Извештај

 

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS