Повик до граѓанскиот сектор за придонес во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2020 година

Во насока на продолжување на транспарентен и целосно инклузивен дијалог со граѓанското општество, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија - Одделение за соработка со невладини организации ги повикува граѓанските организации активно да придонесат во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2020 година, согласно член 14 од Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики („Службен весник на РМ“ бр.99/11).

Јавен повик за избор на претставници од граѓанскиот сектор во работна група за изработка на предлог-план на мерки, активности и динамика за спроведување на процесот на проверка (ветинг) на вработените во Министерството за внатрешни работи

Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, по барање на Министерството за внатрешни работи, согласно заклучоците од 148. седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 30.07.2019 година, објавува Јавен повик за избор на тројца претставници од граѓанскиот сектор во работна група за изработка на предлог-план на мерки, активности и динамика за спроведување на процесот на проверка (ветинг) на вработените во Министерството за внатрешни работи. Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 23 август 2019 година. Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку електронска пошта на nvosorabotka@gs.gov.mk.

Јавен повик за избор на  претставници од граѓанскиот сектор  во работна група за изработка на предлог-план на мерки, активности и динамика за спроведување на процесот на проверка (ветинг) на вработените во Министерството за внатрешни работи

 

Пријава за кандидат за претставник од граѓанскиот сектор во работна група за изработка на предлог-план на мерки, активности и динамика за спроведување на процесот на проверка (ветинг) на вработените во Министерството за внатрешни работи

Одржана 13. седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

На 4 јули 2019 година се одржа 13. седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор. Роберт Алаѓозовски, национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка, го презентираше првиот Нацрт на Националната стратегија за развој на концептот на едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија и го информираше Советот за спроведениот консултативен процес.

Одржан петтиот од серијата Отворени денови за иницијативи на граѓански организации на тема „Младински политики“ за 2019-та

Во согласност со определбата на Владата на Република Северна Македонија за овозможување директно учество на граѓанските организации во креирањето јавни политики за континуиран демократски и економски просперитет на државата, во Владата на Република Северна Македонија, на 27.06.2019 година се одржа петтиот од серијата Отворени денови за консултација со граѓанските организации за младинските политики.

На средбата се обратија министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование и наука Арбер Адеми, директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каески, директорот на Фонд за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски и посебниот советник за млади и спорт Ѓорѓи Тасев.

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS