Повик до граѓанскиот сектор за придонес во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2024 година

Согласно член 14 од Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики („Службен весник на РМ“ бр.99/11), Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија ги повикува граѓанските организации активно да придонесат во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2024 година. Предлозите за политики треба да се однесуваат на конкретни законски одредби и да се во функција на остварување на стратешките приоритети и приоритетните цели на Владата на Република Северна Македонија за 2024 година, кои може да се видат тука.

Вашите предлози треба да бидат внесени во Образецот што треба да го доставите по електронски пат на адреса: nvosorabotka@gs.gov.mk до 15.9.2023 година, со назнака Иницијатива за ГПРВ 2024.

Образец на Иницијатива за ГПВРСМ 2024

Macedonian

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објавува Јавен повик Субвенционирање на вработување на невработени лица од ранливи категории на граѓани

Дали сте граѓанска организација која има потреба од финансиска поддршка за нови вработувања? Дали сакате да им помогнете на лицата од ранливи категории да се вклучат на пазарот на трудот? Ако одговорот е ДА, тогаш активната мерка 2.1 Субвенционирање на вработување - ИПА е мерка соодветна за Вас.

 Јавниот оглас за мерка 2.1 Субвенционирање на вработување - ИПА е објавен од страна на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија во рамки на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ финансиран од Европската Унија, а врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023г .

 Огласот е наменет за работодавачи, односно граѓански организации, кои сакаат да вработат лица од ранливи категории на граѓани, кои се регистрирани како невработени лица активни баратели во АВРСМ.

Macedonian

Онлајн информативна сесија за повикот на УНЕСКО, Британскиот совет и Италијанската агенција за развојна соработка за апликации во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија

Министерството за култура и Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија информираат дека на 16 мај 2023 година од 11.00 до 12.30 часот, УНЕСКО, Британскиот совет и Италијанската агенција за развојна соработка организираат онлајн информативна сесија за сите заинтересирани институции, организации и здруженија за поднесување на апликации во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“.

Линкот за пријавување, повикот, критериумите и начинот на аплицирање се достапни на следниот линк:

Culture and Creativity ( CC4WBs) for the Western Balkans online WEBINAR

Macedonian

НАЈАВА НА ИНФОРМАТИВЕН ДЕН ЗА ПРОГРАМАТА ИНТЕРЕГ ИПА АДРИОН

Започнувајќи од програмскиот период за 2021-2027 год., Република Северна Македонија доби можност да се приклучи во ИНТЕРЕГ ИПА АДРИОН програмата.
 
Главната цел на ИПА АДРИОН е да одговори на заедничките предизвици во Јадранско-јонскиот регион, како заштитата на биолошката разновидност, справување со климатските промени и одржлив транспорт. Во постигнување на истото, Програмата предвидува воведување и примена на иновативни модели и алатки, кои дејствуваат како клучен инструмент за изнаоѓање на заеднички решенија, со што регионот постепено ќе постигне повисоко ниво на отпорност кон идните економски шокови.
 
Првиот повик за предлози за проекти во рамките на програмата ИПА АДРИОН беше отворен на 4 април и ќе биде затворен на 30 јуни 2023 год. во 13:00 часот.

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS