Започна процесот за подготовка на петтиот национален Акциски план за Отворено владино партнерство 2020-2022

Министерството за информатичко општество и администрација го започна процесот на подготовка на петтиот национален Акциски план за Отворено владино партнерство 2020-2022 (НАП 5).

Со цел навремено информирање подготвена е Временска рамка на активности за подготовка на НАП 5 2020-2022 во која се дадени првично утврдени датуми и истата може да се надополнува со настани и состаноци во организација на сите чинители во Отвореното владино партнерство.

Временска рамка може да ја најдете на следниов линк.

Macedonian

Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за избор на двајца членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор во областите „Заштита на маргинализираните лица“ и „Медиуми и информатичко општество“

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации објавува Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за избор на двајца членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите, во областите „Заштита на маргинализираните лица“ и „Медиуми и информатичко општество“.

Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за избор на двајца членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите во областите „Заштита на маргинализираните лица“ и „Медиуми и информатичко општество“

Macedonian

Извештај за пријавени организации со кандидати и Јавен повик за гласање за избор на два членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор за областите „Заштита на маргинализираните лица“ и „Медиуми и информатичко општество“

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Генералниот секретаријат објавува Извештај за пријавени организации со кандидати по Јавниот повик за избор на три членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор за областите „Заштита на маргинализираните лица“,„Медиуми и информатичко општество“ и „ЕУ интеграции и политики“ (објавен на 17.01.2020 година) и Јавен повик за гласање за избор на два членови на Советот од редот на здруженијата и фондациите за областите „Заштита на маргинализираните лица“ и „Медиуми и информатичко општество“. 

Macedonian

Јавен повик за избор на три членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор на седницата одржана на 28.10.2019 година констатира дека на членот во областа „Медиуми и информатичко општество“ на лично барање му престанува членувањето во Советот, а на седницата одржана на 25.11.2019 година, Советот констатира дека на членовите во областите „Заштита на маргинализираните лица“ и „ЕУ интеграции и политики“ им престанува членувањето во Советот поради отсуство од три седници во текот на една година, согласно член 9 став 1 алинеја 2 од Одлуката за формирање на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор („Службен весник на РМ“ бр. 98/2016, 164/2017 и „Службен весник на РСМ“ бр. 97/2019).

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS