Оглас за избор на два члена на Комисијата за организации со статус од јавен интерес

 

Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија распишува Оглас за избор на два члена на Комисијата за организации со статус од јавен интерес, од организации регистрирани во согласност со Законот за здруженија и фондации. Кандидатите предложени од организациите треба да имаат експертиза од областа на граѓанскиот сектор и познавање на националното законодавство поврзано со некоја од областите определени како дејности од јавен интерес во член 74 од Законот за здруженија и фондации. Рокот за пријавување на кандидатите е 5 април 2018 година.

Оглас

Извештај за пријавени кандидати по Јавниот оглас за избор на два члена на Комисијата за организации со статус од јавен интерес

Macedonian

Одржани состаноци на работната група за изработка на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2018-2020

На 14 и 15 март 2018 година, во просториите на Клубот на органите на управата  во Скопје, се одржаа работни состаноци за подготовка на  новата Стратегија на Владата на Република Македонија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2018-2020.

Macedonian

Промоција на почетокот на проектот „Понатамошно институционализирање на структурирани механизми за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор”

На 13 март 2018 година, во просториите на ЕУ Информативниот центар во Скопје беше промовиран почетокот на брзиот твининг проект „Понатамошно институционализирање на структурирани механизми за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор”, финансиран од Европската унија. Проектот го спроведува Владата на Република Хрватска - Канцеларија за соработка со НВОи, Агенцијата за централно финансирање и склучување договори и Министерството за финансии на Република Хрватска.

Macedonian

Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор во областите „Демократија и владеење на правото“ и „Култура“

 

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации објавува Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите, во областите „Демократија и владеење на правото“ и „Култура“, при повтореното гласање што се спроведе во периодот од 12 до 26 февруари 2018 година, поради два прворангирани кандидати во овие области.

 

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS