Jавен повик за избор на 16 членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од редот на здруженијата и фондациите

Врз основа на член 6 став (1) од Одлуката за формирање на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Генералниот секретаријат на Владата објавува Jавен повик за избор на 16 членови на Советот од редот на здруженијата и фондациите. Oрганизациите регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации можат да предложат кандидат за член на Советот во една од следните области: развој на граѓанскиот сектор, демократија и владеење на правото, промоција и заштита на човековите права и антидискриминација, економски и одржлив развој, наука, образование и доживотно учење, млади, социјална заштита и заштита на деца, заштита на маргинализираните лица, родова еднаквост, заштита на здравјето, земјоделство и рурален развој, култура, медиуми и информатичко општество, заштита на животната средина, спорт, ЕУ интеграции и политики.  Рокот за поднесување на пријавите е до 10.1.2018 година.

 

 

Macedonian

Консултации за подготовка на нова Стратегија за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2018-2020

Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор е значаен документ кој ги содржи основите за соработка на Владата и органите на државната управа со граѓанските организации и мерките за обезбедување поволна средина за развој на граѓанскиот сектор.

Извештајот за преземените мерки и активности од Акцискиот план за спроведување на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор (2012-2017), подготвен од Одделението за соработка со невладини организации во септември оваа година, претставува осврт на реализираните активности и оценка на актуелноста на нереализираните мерки и ќе се користи како почетен документ при подготовка на новата стратегија. Во овој процес, како основа ќе се користат анализите и стратешките документи на граѓанските организации, како што се Предлогот на граѓанските организации за итни демократски реформи (јули 2017), Патоказот за развој на граѓанското општество во Македонија 2018-2022 и други документи.

Macedonian

Консултативна средба за Предлог-одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор

Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на Владата организира консултативна средба со граѓанскиот сектор за Предлог-одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор, што ќе се одржи на 20.10.2017 година (петок), од 11:30 до 14:00 часот, во Клубот на органите на управата (Клуб на пратеници) во Скопје.

Macedonian

П О В И К до граѓанскиот сектор за придонес во подготвувањето на програмата за работа на Владата на Република Македонија за 2018 година

Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија - Одделение за соработка со невладини организации го повикува граѓанскиот сектор за активен придонес во подготвувањето на Програмата за работа на Владата на Република Македонија за 2018 година, согласно член 14 од Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики („Службен весник на РM“ бр.99/11).

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS