Одржан состанок на Работната група за реформа на системот на државно финансирање на граѓанските организации

Работната група за реформа на системот на државно финансирање на граѓанските организации во соработка со проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија, го одржа својот втор состанок, во вид на полудневна работилница.

На состанокот беа презентирани Извештајот за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации од Владата, органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа во 2021 година, подготвен од Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат и Анализата на клучните наоди од прашалниците за реформа на системот на државно финансирање на граѓанските организации, подготвена од Игор Видачак, експерт ангажиран од проектот.

Членовите на работната група дискутираа за можните опции за формирање на Фонд за поддршка и развој на граѓанското општество и кофинансирање на ЕУ проекти и потребата од одржување заеднички состанок со Работната група за подготовка на измени на Законот за здруженија и фондации.

Macedonian

Тринаесетти повик на УНЕСКО за финансирање проекти во рамките на Меѓународниот фонд за културна разновидност за 2022 година

Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија информира за 13. повик на УНЕСКО за финансирање проекти во рамките на Меѓународниот фонд за културна разновидност за 2022 година.

Истакнуваме дека предлог-проектите треба исклучиво да се достават преку официјалната платформа на УНЕСКО за аплицирање, најдоцна до 15 јуни 2022 година.

Детални информации за повикот и за процесот на аплицирање може да се добијат на следниов линк: https://en.unesco.org/creativity/ifcd/apply

Macedonian

Повик за финансирање на предлог проекти за 2022 година во рамки Централно Европската иницијатива

Централно Европската иницијатива – ЦЕИ на 11 април 2022 година го објави Повикот за финансирање на предлог проекти за 2022 година во рамките на Програмата за размена на знаење (know-how). Повикот е отворен до 13 јуни 2022 година. Оваа програма има за цел да го поддржи трансферот на експертиза од организациите во рамки на ЕУ во земјите надвор од ЕУ во регионот на ЦЕИ. Со кофинансирање на проекти за градење капацитети и техничка помош, Програмата нуди грантови на институции кои се подготвени да го споделат своето искуство со своите партнери во земјите-членки на ЦЕИ кои не се членки на ЕУ. За повеке информации за можностите и начините на аплицирање и останати детали може да добиете на следниот линк: https://application.cei.int/application/kep-2022/

Macedonian

Повик до заинтересирани страни за придонес во подготвувањето на Предлог измени и дополнувања на Законот за донации и за спонзорство во јавните дејности

Министерството за правда започна со спроведување на процес за подготовка на Предлог измени и дополнувања на Законот за донации и за спонзорство во јавните дејности.

Со цел овозможување директно и суштинско учество во сите фази од процесите за подготовка на Предлог измените, а согласно начелата на транспарентност и отвореност, Министерството за правда ги повикува заинтересираните страни да достават свои предлози за измени и дополнувања на Законот за донации и за спонзорство во јавните дејности. 

Предлозите треба да ги содржат следните податоци: име и презиме на авторот на документот или предлогот, односно име и адреса на организацијата или институцијата, контакт податоци и опис на предлогот со образложение за причините поради кои се предлага измена и/или дополнување.Предлозите можете да ги доставите до Министерството за правда на  bpps@mjustice.gov.mk.

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS