15.3

ИЗРАБОТКА НА МОДЕЛ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ И ИЗБОР НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ВО РАБОТНИТЕ ГРУПИ НА ОРГАНИТЕ НА ДРЖАВНАТА УПРАВА

 

 

Водечка институција

Генерален секретаријат - Одделение за соработка со невладини организации

Институции учеснички

Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

Рок на спроведување

2019, 1во тромесечје

Индикатори

1. Изработка на модел за вклучување и избор на граѓанските организации во работните групи на органите на државната управа од страна на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

2. Одржани се консултации во врска со моделот за вклучување и избор на граѓанските организации во работните групи на органите на државната управа

3. Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор предложи модел за вклучување и избор на граѓанските организации во работните групи на органите на државната управа

4. Подготвена е рагулатива (упатство, измена на Деловникот за работа на Владата и сл.) за вклучување и избор на граѓанските организации во работните групи на органите на државната управа

5. Број на претставници од граѓанскиот сектор во работните групи на органите на државната управа

 

СПРОВЕДЕНО

                         

Преземени активности по индикатори:

1.Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор на 6. седница одржана на 9.10.2018 формираше работна група која изработи Предлог-модел за вклучување на граѓанските организации во процесот на преговори со Европската Унија. 
2.На 7.12.2018 во Граѓанскиот ресурсен центар се одржа консултативна средба за првиот нацрт на Предлог-моделот за вклучување на граѓанските организации во пристапни преговори за членство во Европската Унија, на која учествуваа 40 претставници на граѓанските организации. Во септември 2019 одржан е состанок помеѓу главниот политички преговарач, Бујар Османи и главниот технички преговарач, Бојан Маричиќ, претставници на Советот за соработка со граѓанскиот сектор и претставници на Националната конвенција за Европска Унија на Република Северна Македонија, на која било потврдено дека Предлог-моделот е прифатлив за владините претставници, а Секретаријатот за европски прашања да спроведе широк консултативен процес со граѓанските организации.                                                                                                                                                                                                     3.Предлог-моделот за вклучување на граѓанските организации во процесот на преговори со Европската Унија беше разгледан на 17. седница на Советот, одржана на 25.11.2019. По усвојувањето на Новата методолгија за преговори во февруари 2020, Секретаријатот за европски прашања оцени дека е  потребно е да се ревидира преговарачката структура со цел да се прилагоди координцијата на процесот на преговори согласно новите елементи на Методолгијата. Владата останува на заложбата за вклучување на граѓанскиот сектор во процесот на преговори врз основа на модел кој ќе биде утвреден во меѓусебни конслутации.                                                                                                                                                         4. Советот на 13.седница одржана на 4.7.2019 год. донесе Деловник за изменување и дополнување на Деловникот за работа на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор бр.38-22/1 од 4.7.2019 год, со кој се уреди постапката за номинирање претставници на граѓанскиот сектор во советодавни и работни тела, на барање на Владата, органите на државната управа или граѓанските организации                                    
5.Во 2018 год. на барање на МВР, Советот номинираше 3 претставници на граѓанскиот сектор во Работната група за реформи на безбедносниот систем. Согласно измените на Деловникот за работа, во текот на 2019 год. Советот номинираше 27 претставници на граѓанскиот сектор во 8 советодавни и работни тела. Во 2020, на барање на Министерството за локална самоуправа, по објавен јавен повик, Советот номинираше 8претставници на граѓанскиот сектор (5 члена и 3 заменици членови) во Заедничките работни групи за програмите за прекугранична соработка во рамки на ИПА 3 (2021-2027).

Дополнителни информации:

1. Предлог-модел за вклучување на граѓанските организации во процесот на преговори со Европската Унија

2. Одржани консултации за Предлог-моделот за вклучување на граѓанските организации во пристапните преговори за членство во Европската Унија

 

Macedonian
Мерки:
Статус: