16.3

АКТИВНО ВКЛУЧУВАЊЕ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ВО ПРОЦЕСОТ НА КРЕИРАЊЕ, СПРОВЕДУВАЊЕ, СЛЕДЕЊЕ И ОЦЕНУВАЊЕ НА ПОЛИТИКИТЕ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЧОВЕКОВИТЕ/ПРАВАТА НА ЕТНИЧКИТЕ ЗАЕДНИЦИ ,  ЈАКНЕЊЕ НА СОЦИЈАЛНАТА КОХЕЗИЈА И ГРАДЕЊЕ НА КОНЦЕПТОТ „ЕДНО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ“

 

Водечка институција

Секретаријат за спроведување на Рамковниот договор

Институции учеснички

Агенција за остварување на правата на заедниците

Генерален секретаријат - Одделение за соработка со невладини организации

Рок на спроведување

2018, 4то тромесечје; постојано

Индикатори

1. Број на одржани дискусии / форуми / тркалезни маси со постојните ефективни тематски мрежи на граѓански организации, граѓанските организации што ги претставуваат етничките заедници и оние кои работат на планот на промоција на меѓуетничките односи и меѓу-културниот дијалог 

2. Број на претставници од граѓанскиот сектор во работните групи на органите на државната управа3. Направена е анализа/преглед на граѓанските организации за учество во креирањето и мониторингот на политиките за унапредување на човековите/правата на етничките заедници,  јакнење на социјалната кохезија и градење на концептот „Едно општество за сите“.

 

СПРОВЕДЕНО

 

Преземени активности по индикатори:

Владата на 93.седница, ја усвои Информацијата за потребата за изработка на Национална стратегија за развој на концептот за едно општество за сите и интеркултурализам. Канцеларијата на претседателот на Владата на 26.10.2018 објави Јавен повик  за пријавување на претставници на граѓанските организации за учество во работните групи за изготвување на Националната стратегија. Формирани се 7 работни групи по кластери: правна рамка, образование, култура, медиуми, локална самоуправа, млади, општествена кохезија и интеграција, во кои се вклучени сите граѓански организации пријавени на јавниот повик (повеќе од 140). Одржани се состаноци и работилница за идентификување на проблемите и за утврдување на целите на кластерите. На 13-та седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, одржана на 4.7.2019, Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка ја презентираше Нацрт-Националната стратегија за развој на концептот на едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија и го објасни текот на консултативниот процес.
На 24.12.2018 се одржа третиот од серијата Отворени денови за иницијативи на граѓански организации, на тема: „Национална стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам“ на кој учествуваа 103 претставници на граѓански организации. Со цел да придонесе кон унапредување на состојбите на еднаквост, правичност и инклузивност, еднаквост меѓу мажите и жените, вклученост на разните идентитетски, културни, етнички заедници и ранливи или маргинализирани групи во општеството, Владата на Република Северна Македонија на својата 162. седница, одржана на 5.11.2019 усвои Национална Стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам и ја достави до Собранието на РСМ. Процесот на изготвување на оваа тригодишна Стратегија и Акцискиот план е широко консултативен, транспарентен и инклузивен, обезбедувајќи учество на претставници на државните институции, граѓанското општество и експерти. Стратегијата опфаќа седум области кои имаат клучно значење за интеркултурализмот (правна рамка, образование, медиуми, култура, општествена кохезија, млади и локална самоуправа) и е достапна на https://vlada.mk/nacionalni-strategii.  Владата, на седницата одржана на 28.1.2020 формираше Оперативното постојано тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот, чиј член е и претседателот на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор.
Агенцијата за остварување на правата на заедниците со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на 24.10.2018 одржа јавна расправа за измени на Законот за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Северна Македонијадржавата, на која учествуваа и претставници на граѓански организации. Предлогот на Закон за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Северна Македонија беше објавен на ЕНЕР на 22.2.2019. Целта на Законот е да се отстранат лоцираните недостатоци во постојниот закон, особено во деловите поврзани со надлежностите на Агенцијата, надзорот и фондот за финансиски средства. Законот е донесен во јануари 2020 и објавен во „Службен весник на РСМ“ бр.18/20.

Дополнителни информации:

Премиерот Заев: Национална стратегија за развој на концептот за едно општество е за да градиме држава во која различните заедници ќе соработуваат, ќе се надополнуваат и меѓусебно ќе се збогатуваат

Јавен повик за пријавување претставници на граѓански организации и заинтересирани лица за учество во работни групи за изготвување на Национална стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам во Република Македонија

Се одржа првата конститутивна седница на ад-хок координативната група за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам

Иницијативи од Отворени денови за иницијативи на граѓанските организации

Јавна расправа за измени на Законот за унапредување и заштита на правата на заедниците помалку од 20 отсто

 

   

   

Macedonian
Мерки:
Статус: