22.2

ВКЛУЧУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ВО ПРОГРАМИРАЊЕТО И СЛЕДЕЊЕТО НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА ФОНДОВИТЕ ЗА ПРЕТПРИСТАПНА ПОМОШ ВРЗ ОСНОВА НА ТРАНСПАРЕНТНИ ПРОЦЕСИ И ПРОЦЕДУРИ ЗА ИЗБОР

 

Водечка институција

Секретаријат за европски прашања 

Институции учеснички

Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

Рок на спроведување

2018, 3то тромесечје; постојано

Индикатори

1. Критериумите за избор се дискутирани и дефинирани од Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

2. Претставници од граѓански организации се вклучени во сите секторски работни групи, мониторинг комитети и други формални работни групи

 

СПРОВЕДЕНО

 

Преземени активности по индикатори:

Секретаријатот за европски прашања  дава насоки и собира искуства од работата на Секторските работни групи и дава препораки за подобрување на работата на овие тела додека надлежните министерства ги формираат и претседаваат со работата на секторските работни групи.  Учеството на граѓанските организации во овие тела е согласно активноста на организациите во одреден сектор. Заклучно со 2019 формирани се вкупно 11 Секторски работни групи за ИПА, односно во последниот квартал од 2019 формирана е и Секторската работна група за интеграција на Ромите. Дополнително во 2019 реализирани се вкупно 13 пленарни секторкити работни групи за ИПА и тоа: СРГ Регионален и локален развој – два состаноци, СРГ Правда и внатрешни работи – два состаноци, СРГ Образование, вработување и социјална политика – два состаноци, СРГ за управување со јавни финансии – два состаноци, СРГ за реформа на јавната администрација – еден состанок, СРГ за транспорт – еден состанок, СРГ за животна средина – еден состанок, СРГ за конкурентност и иновации – еден состанок, СРГ за интеграција на Ромите – еден состанок. На сите состаноци на СРГ беа поканети и учествуваа претставници на граѓанскиот сектор.
Во текот на 2019 одржани се 9 мониторинг состаноци и тоа: ИПА 2 Мониторинг комитет – еден состанок, ИПА 2 Сектроски мониторинг комитет за владеење на правото – еден состанок, ИПА 2 Секторски мониторинг комитет за транспорт и животна средина – еден состанок, ИПА 2 Секторски мониторинг комитет за компетитивност, иновации и земјоделство – еден состанок, ИПА 2 Секторски мониторинг комитет за демократија и добро владеење – прв состанок, ИПА 2 Секторски мониторинг комитет за ИПАРД – два состанока, ИПА секторски мониторинг комитет за образование, вработување и социјални работи - прв состанок. На сите состаноци на Секторските мониторинг комитети поканети се и присуствуваа преставници на граѓанскиот сектор. Исклучок е состанокот на ИПА 2 Мониторинг комитетот кој се одржа во март 2019 (по правилата за ИПА се одржува еднаш годишно) на кој се донесе заклучок за вклучување на преставници на граѓанскиот сектор.  НИПАК секретаријатот постапи по овој заклучок и побара од Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор да се назначат членови во ова тело.  Одговорот е добиен во текот на мај 2019. Заради настанатата ситуација, состанокот којшто ова тело требаше да го одржи во март 2020 беше откажан.   Дополнително, на 20.11.2019 СЕП во соработка со проектот “Дијалог со граѓанските организации – платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите” реализиараше секторската координација помеѓу Секторските работни групи за ИПА и граѓанските организации, со цел  споделување  на информации за спроведување на секторскиот пристап за ИПА II. Во текот на 2020 реализирани се вкупно 11 пленарни секторкити работни групи за ИПА, на кои беше најавен процесот за програмирање на ИПА III и беа презентирани првите нацрт верзии на Стратешките одговори за ИПА III. На сите пленарни секторски работни групи за ИПА,  беа поканети и учествуваа претставници на граѓанскиот сектор: Сектрска работна група за земјоделство и рурален развој, Секторска работна група за конкурентност и иновации, Сектрска работна група за правда, Секторска работна група за внатрешни работи, Секторска работна група за локален и регионален развој, Секторска работна група за образование вработување социјална политика+здравство, Секторска работна група за управување со јавни финансии, Секторска работна група за реформа на јавната администрација, Секторска работна група за транспорт и Секторска работна група за животна средина. 

Macedonian
Мерки:
Статус: