Submission #260

Струкови здруженија
Доброволно противпожарно друштво Свети Николе
www.dpd.org.mk
dpdsvetinikole@gmail.com
075/806-621
Свети Николе, ул.„Цветан Димов“-бр.14
Доброволното противпожарно друштво Свети Николе (кратенка: ДПД Свети Николе) е хуманитарно и непрофитно здружение на граѓани кое функционира на доброволна база на своите членови. Истото е формирано во далечната 1935 и функционира во континуитет до денес и успешно ја спроведува мисијата за организиран пристап во локализирање на пожарите, справување со поплавите, земјотресите, останатите елементарни непогоди и сообраќајните несреќи, со превземање на соодветни превентивни (едукативни) и директни акции, се со цел изградба на модерен, стабилен и одржлив противпожарен и спасувачки систем во општина Свети Николе и пошироко на територијата на Република Северна Македонија. Нашата визија е Свети Николе да биде, заедница на здрави, среќни и совесни граѓани кои активно придонесуваат за превенцијата од пожари и останатите елементарни непогоди, градејќи хармонија помеѓу човекот и природата.
Македонски центар за меѓународна соработка МЦМС, Организација на жените на општина Свети Николе
Нема
Благој Тосевски
20
0