Submission #103

Демократија, човекови права и владеење на правото
НВО Асоцијација за демократски развој на Ромите „Сонце“- Тетово
www.sonce.org.mk
info@sonce.org.mk
044/352-390
Ул. Илирија 39/14 1200 Тетово
СОНЦЕ е етаблирана организација на меѓународно и национално ниво која активно придонесува за граѓанска интеграција и подеднакво практикување на демократските права и можности на Ромите. Формирана е во 1996 година како неформална група за самопомош на ромската заедница во Тетово. Групата функционираше така што собираше доброволни прилози од ромските семејства, кои потоа се употребуваа за ургентни потреби на ромската заедница. Од формирањето на организацијата до крајот на 2012 година СОНЦЕ има реализирано повеќе од 60 проекти, меѓу кои има реализирано и многу вонпроектни активности. СОНЦЕ исто така има соработувано на повеќе проекти раководени од други организации како партнерска организација.
Мисијата на СОНЦЕ е да придонесува кон демократска интеграција и ефективно учество на Ромската заедница во општеството преку градење на капацитети, директна поддршка и застапување на Ромите.
Согласно својата Стратегија 2014- 2018 Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите „Сонце“ делува во следниве програмски области:
- Образование и промоција на идентитетот и културата на Ромите;
- Економски развој на Ромската заедница;
- Здравство и социјална инклузија на Ромите во системот на социјална заштита;
- Квалитет на живеење и инфраструктура;
- Зајакнување и учество на младите Роми во процесот на донесување одлуки;
- Институционален развој и организациско јакнење на Сонце.
Мултикултура - Тетово, Лоја - Тетово, ИРЗ - Тетово, Форм на албанска жена - Тетово, Ади - Гостивар, Месечина - Гостивар, Бела Кула- Кичево, Месечина- Дебар, Баирска Светлина - Битола, Ромска солза - Прилеп, Roma perspective - Прилеп, Здржение за човекови права - Штип, Авена - Кочани, КХАМ - Делчево, ИнСок - Скопје, Амбрела - Скопје, РРЦ - Скопје, Сумнал - Скопје, НРЦ- Куманово, Дром - Куманово, Терно Вас - Берово.
Мрежа против сиромаштија, Декадна контакт точка.
Ферди Исмаили
50
5