Submission #125

Етнички заедници
Здружение Мировна акција
www.mirovnaakcija.org
office@mirovnaakcija.org
048/401-888
Партизанска 18А, Прилеп
Мировна Акција е формирана 2001 година со мисија - промоција на мирот и културата на ненасилство. Во првите години работевме на признавање на правото на приговорот на совеста, негова имплементација и укинување на задолжителното служење на воениот рок. Од 2006 година започна „Регионалната програма за антимилитаризам и антидискриминација“ која работеше на оспособување на младите за препознавање и реагирање на разни појави на милитаризам и дискриминација, заедно со млади од граѓански организации од Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Хрватска и Македонија.

Активни програми:
Програмата за Соочување со минатото започна во 2008 година и опфаќа собирање на животни приказни од луѓе за случувањата во Македонија во 2001 година, како и иницирање на меѓуетнички дијалог за истите. Програмата опфаќа и публикување на книги со животни приказни, списанија поврзани со темата, собирање на книги и друг материјал како и одржување на тренинзи за изградба на мир со учесници од кризните региони во 2001 година. Програмата се уште е активна во 2015 година со поставени правци, планирани активности и нејзина одржливост за следните неколку години.
Од 2015 година започнавме програма за поддршка на процесот на интегративно образование во Република Македонија.
Здружението Мировна акција соработува со поголем број на граѓански организации на национално, регионално и меѓународно ниво. За подетални информации посетете ја веб страната: www.mirovnaakcija.org секција: Пријатели и партнери.
War Resisters’ International,
Innitiative for RECOM.
Горан Талески
15
3