Submission #158

Здравје и здравство
Здружение на граѓани со коагулопатии ХЕМО - ВИЛ Илинден - Илинден
hemo-will.weebby.com
hemowill13@gmail.com
078/494-986; 071/796-247
Ул.23 бр.36 Илинден 1041, Скопје
Здружението е формирано во 2016 година од страна на лица со коагулопатии и нивните семејства, заради застапување на интересите и заштита на правата и потребите на лицата со коагулопатии во Република Македонија.

Основни цели и задачи на Здружението се:

- Грижа за подобрување на здравствената состојба на лицата со коагулопатии;
- Информирање за новите начини и практични достигнувања во третманот на лицата со коагулопатии;
- Лобирање пред надлежни институции за обезбедување на адекватна дијагностика, третман и грижа за лицата со коагулопатии;
- Соработка со здравствени институции за подобрување на дијагностиката и третманот на лицата со коагулопатии, како и подигнување на здравствената свест за лицата со коагулопатии и нивните семејства;
- Подигнување на јавната свест за проблемите на продолжено крварење;
- Соработка со други здруженија, фондации и организации;
- Едукација на лицата со коагулопатии и нивните семејства;
- Изработка на водичи за третман на лицата со коагулопатии;
- Изработка на проекти;
- Реализација на други заеднички интереси што не се предвидени со статутот на здружението, а ќе бидат утврдени со посебен план или програма на здружението.
АПХ „Момент Плус“ Гевгелија
Македонска платформа против сиромаштија и Национална алијанса за ретки болести на Република Македонија.
Ирена Ѓурчиновска
20
/