Submission #294

Деца, млади и студенти
Здружение за заштита на правата на децата ПОВРЗАНИ
povrzani.com
povrzanimk@gmail.com
070968356
Ул. „Коста Новаковиќ“ бр. 20/4-10 Скопје
Здружението на граѓани ПОВРЗАНИ е формирано со основна цел заштита и остварување на детските права. Веруваме дека на сите деца, слични по заедничките карактеристики и различни по индивидуалните особености, возрасните се одговорни да им овозможат да бидат еднакви по правата. Преку системски пристап креираме поттикнување, вклучување и поврзување ресурси од заедницата, во најдобар интерес на децата и од перспектива на децата.
Отвораме теми кои се премолчуваат, или за кои се говори со говор на стереотипи, предрасуди и дискриминирање (развод, инклузија, адопција и др.). Им даваме поддршка на децата и родителите во превенирање и надминување состојби, кои го попречуваат здравото индивидуално и семејно функционирање.
Во здружението ПОВРЗАНИ членуваат семејни советници, професори, педагози, психолози, одделенски наставници, новинари, видеоедитори, фотографи, дефектолози, семејни и системски психотерапевти. Волонтираат средношколци и студенти.
Здружение за семејна психотерапија и системска пракса на Македонија – СПАСП, Скопје; Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта Ла Страда Македонија; Институт за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ, Скопје; Фондација СЛАВКО ЈАНЕВСКИ, Скопје.
Граѓанска платформа за превенција и борба против трговијата со луѓе во С. Македонија.
Билјана Николоска
7
/