Submission #301

Животна средина и природа
Здружение за екологија и заштита на животна средина ЕКО ТИМ ИСТОК Кочани
www.ekotimistok.mk
ekotim_istok@yahoo.com
071 272 024
Ул.Маршал Тито бр.45, Кочани
Здружението за екологија и заштита на животната средина Еко Тим Исток е основано на 20.05.2012 година и во овој период на своето делување има 20 активни членови и голем број на волонтери кои се вклучуваат во тематски акции.
Основните цели на нашата организација се заштита и напредок на животната средина во склад со принципите за одржлив развој, едукација на граѓаните и децата, со што придонесуваме за зајакнување и формирање на еколошка свест. Ние сме посветени на зголемување на стандардите и подобрување на животната средина и природата, преку активно вклучување на населението и на генераторите на отпад, со што креираме свесна врска за значењето на здрава животна средина. Го штитиме јавниот интерес и правото на чиста и здрава животна средина преку акции и проекти за рационализација на отпадот и потребата од собирање, селектирање и негова понатамошна преработка. Преку постојаните активности кои ги имаме спроведено до сега, може да се истакне дека сме етаблирана организација во Источно-плански регион на полето на животната средина. Како здружение од областа на животната средина, со нашите членови и волонтери, даваме поддршка и учествуваме во проекти и на други невладини организации кои спроведуваат активности во источниот регион.
Еко – Свест, Цивика мобилитас, Агро Винка, Аронија итн.
Горан Христовски
20
/