Submission #304

Животна средина и природа
ЦЕЛА – Центар за животна средина, лобирање и застапување “4х4х4 Балкански Мостови“ Скопје
www.4x4x4bb.org
4x4x4bb@gmail.com
+389.70.34.36.36
Ул. Руди Чајавец 35/3 Скопје
Мисијата на ЦЕЛА – Центар за животна средина, лобоирање и застапување “4х4х4 Балкански Мостови“ Скопје е да да промовира решенија за негативните влијанија врз животната средина во Македонија и пошироко.
ЦЕЛА “4х4х4 Балкански Мостови“ Скопје постои од 26.06.2006, со цел да внесе промени во свеста и однесувањето на граѓаните кон човековата околина, да врши мониторинг на имплементација на Законските одредби, да лобира, активно да застапува, и да предлага и промовира добри пркатики за подобар и одржлив развој на заедницата.
ЦЕЛА “4х4х4 Балкански Мостови“ Скопје работи на поврзување на навиките, политиките и искуствата низ земјата, Балканскиот Регион и Европа. Во сите делови, активен учесник е и делува преку свои проекти, кампањи и активности, насочени кон информирање на јавноста, подигање на јавната свест за животната средина и за потребите таа да се зачува, истовремено вклучувајќи ги граѓаните, институциите на Национално, Балканско и Европско ниво во своите активности.
Еко-живот, Вила Зора, КОР Скопје, ЛИПА Куманово, НАТУРА Струга, РЦС Делечево, Младинска Алијанса Тетово, Планетум Струмица, МКЦ Битола, ЦГИ Прилеп, ГЛОБАЛ Битола
Балканско Зелено Лоби, ЕНВнет Европска мрежа од организации од 9 земји (Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, БиХ, Турција, Косово, Италија, Белгија)
Душко Христов
20
2