Submission #323

Животна средина и природа
Здружение МАЦЕФ – Центар за енергетска ефикасност на Македонија
www.macef.org.mk
macef@macef.org.mk
02 3090 178, 070 22 66 66
Никола Парапунов бp.3a-лок.51/2 Карпош, Скопје
МАЦЕФ, основан во декември 2002 година со цел да ги обедини инженерите, екологистите и економистите во заедничка цел за постигнување одржлив развој на општеството преку активно учество во креирањето на енергетската политика и планирањето на развојот на енергетиката и енергетските ресурси на ниво на поединец, локално, национално.
Во таа насока се стреми кон развојот и промоцијата на научната мисла во доменот на ефикасното користење на ресурсите и изработува стратегии, програми и акциони планови за енергетска ефикасност во единиците за локална самоуправа, и спроведува обуки за зголемување на човечките капацитети за примена на мерки за ЕЕ (енергетска ефикасност) и ОИЕ (обновливи извори на енергија) во индустријата и јавните институции.
Истражување, следење и придонес во развој на регулатива за енергетика (потесно ЕЕ); подготовка на програми и акциски планови за ЕЕ, развој и придонес кон развој на софтвери за следење на трошоци за енергија, обуки за енергетски контролори, обуки за енергетски менаџери од општините обуки за циркуларна економија и одржлив развој; развој на стручна мисла во домен на енергетика и организирање на Недела на енергетика; индустриска енергетска ефикасност; бесплатни совети за заштеда на енергија за граѓаните; издаваштво во домен на енергетика.
- РЕЦ
- Центар за климатски промени
- Хабитат
- Младински совет Охрид
- Младински совет Крушево
- Македонија2025
- Планетум Струмица
- Жетва на знаење, Прилеп
- Здружение Конект Скопје
- ЦЕФЕ
- Финанстинк
- ЦеПроСАРД
- МОМЕЕ – Македонска општинска мрежа за енергетска ефикасност
- ЗЛЕК
- Комора на инженери
- Архујска конвенција (Милуконтакт)
Јасминка Димитрова Капац
8
5