Submission #331

Животна средина и природа
Здружение за заштита на животната средина ЧАСОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА Скопје
www.earthhour.mk
info@earthhour.mk
025 514 739
бул.Авној 112/24 1000 Скопје
Часот на планетата Земја претставува акција организирана од Светскиот фонд за природа (WWF) и поддржана од Обединети нации, која има еколошки карактерм, односно преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час, да се испрати силна порака за спас на планетата Земја. Оваа година датумот е 27.3.2021 (сабота), а акцијата започнува во 20:30 часот.
Во Часот на планетата Земја се вклучуваат над 170 земји, меѓу кои и Македонија. Многу градови низ светот ја поддржуваат оваа акција со симболично исклучување на осветлувањето на просторот коишто е од јавен карактер како споменици, згради, мостови, канделабри во парковите и слично.
Часот на планетата Земја е глобално еколошко движење креирано од WWF, а поддржано од UN. Како една од првите кампањи креирана од луѓето за луѓето, Часот на планетата Земја прерасна во симболичен настан кој се одбележува во многу градови и земји, поддржан од индивидуалци, бизниси, организации и влади, со цел да се подигне еколошката свест кај граѓаните.
Црвен крст на РСМ
Здружение на извидници
WWF Adria
Ѓорѓи Селков
/
/