Submission #176

Социјална грижа (хуманитарни)
Здружение на социјални работници на град Скопје
www.zsr-skopje.mk
zsr.skopje@gmail.com
02/3212-690, 072/321-672
Ул. "11 Октомври" бр. 42а
Здружението на социјални работници на град Скопје е непрофитна, хуманитарна, невладина организација. Тоа своите активности ги насочува кон развивање и промоција на професионалните капацитети на своето членство и за дисеминирање на знаења што ќе им овозможат на социјалните работници да бидат во тек со достигнувањата и методите на работа во областа на социјалната заштита.
Основна активност на Здружението е помагање на граѓаните кои се наоѓаат во состојба на социјален ризик, унапредување на стручните знаења на социјалните работници и лицата кои сакаат да ги усовршат своите знаења во одредени области. Подготовка на стручни помагала за унапредување на социјалната работа, следење на трендовите на социјална работа во другите земји, иницирање на нови форми на социјална заштита и социјална работа во склад со појавата на социјалните состојби.
-НВО ДОВЕРБА;
-НВО Детско Село на Р. Македонија;
-Здружение на социјални работници на Р. Македонија;
-Здружение на клубови на лекувани алкохоличари на Македонија.
-МППС - Македонска платформа против сиромптија;
-Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство;
-ФЕСАТ-Меќународна асоцијација на СОС телефонски линии;
-ИРИС - мрежа за граѓански иницијативи.
Јагода Насковска
21
/