Submission #180

Деца, млади и студенти
Здружение за меѓународна младинска соработка ИНТЕРАКТИВ-Битола
www.interaktiv.mk
interaktivbitola@gmail.com
075/681-168
ул.Индустриска бр.61-в 7000 Битола
Здружението за меѓународна младинска соработка „ИНТЕРАКТИВ“ од Битола е непрофитна, граѓанска младинска организација која има за цел да обезбеди можности за локалната младина, но и соработка со младите на меѓународно ниво. Здружението е основано во јули, 2017 година во Битола, Република Македонија. Целта на здружението е да развива активности и можности за младите во сферата на неформалното образование, промовирање на здрави животни навики, културата и уметноста, како и граѓанско општество кои ги поттикнуваат позитивните вредности кај младите луѓе.
Активноста на организацијата се фокусира на многу аспекти кои се од интерес за младите: од обезбедување на услуги и информации, до истражување и поддршка за креирање политики и мрежно поврзување. ИНТЕРАКТИВ работи на создавање на различни одговорни и кооперативни заедници каде што граѓаните активно придонесуваат за социјалниот развој и интеграција. Нашата мисија е да обезбедиме одржлив развој на заедницата преку создавање на можности за квалитетно ангажирање на граѓанското општество, унапредување на можностите за учење и активно вклучување на младите луѓе и другите граѓани.
НАШИ ЦЕЛИ СЕ:
- Придонес кон спроведување на целите за одржлив развој на Обединетите Нации на локално, национално и меѓународно ниво преку поттикнување на учеството на младите на национално, регионално и меѓународноно ниво;
- Учество на младите во процесите на европска интеграција и креирање на заедничка европска визија;
- Учество на младите во активности за промоција на култура на толеранција и ненасилство, мир и меѓународното разбирање;
- Активности за промоција на принципите на интергенерациска правда преку учество во креирањето и спроведувањето на јавните политики, на национално, регионално и меѓународно ниво;
- Активности за вмрежување и учество во меѓународни младински мрежи и коалиции кои делуваат во сферата на зајакнување на младите;
- Придонес кон намалување на сиромаштијата и креирање можности за учество на младите во активностите на национално, регионално и меѓународно ниво
- Промоција на различните култури и супкултура на живеење на младите преку организирање на различни настани: конференции, семинари, фестивали на младинска култура и сите други класични алтернативни форми и правци во уметноста;
- Заштита на културниот идентитет на млади припадници на ранливи категории, мали етнички заедници и национални малцинства;
- Други активности поврзани со развојот, перспективата и благосостојбата на младите луѓе.
Неформалното образование е особено важно за развојот на младите, а младите се тие кои што го претставуваат најдобриот скенер за откривање на вистинските проблеми што постојат во општеството. Со некои насоки тие можат да го откријат коренот на проблемот и да го изградат својот пат за да најдат трајно решение за да се ослободат од проблемот. ИНТЕРАКТИВ како организација е мотивирана да работи со младите. Тимот на ИНТЕРАКТИВ се состои од искусни младински работници и млади волонтери, кои се големи ентузијасти, креативни, мотивирани, активни, иницијативни млади луѓе.
Нашиот тим на младите им дава можности да се вклучат, да промовираат неформално образование, мултикултурализам, потреба од самовклучување и активно граѓанство, како и зајакнување на капацитетите на младите во локалната средина.
Во периодот од самото основање Здружението за меѓународна младинска соработка ИНТЕРАКТИВ работеше на создавање на партнерства за заедничка соработка. Во рамките на предвидените активности од програмата за работа на здружението беа потпишани меморандуми за соработка со здруженијата од Македонија меѓу кои: Форум 16, Здружението на граѓани Базична сила на медиумите, Здружението на граѓани Граѓански Патеки, Здружението ЕРЦ Соработка - Битола, СФЕРА Македонија, Креативити - Прилеп, Македонско Храватското друштво Марко Марулиќ, Здружението за одржлив развој БИОСФЕРА 369 - Битола, Здружението за европска интеграција ЕВРОПСКА ГЛЕДНА ТОЧКА, Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ, Здружението за напредно современо образование ВОЛВОКС, основното училиште „Коле Канински“, ТЕРА телевизија, ТВ Канал Визија – Прилеп, веб-сајт www.setaliste.com.mk, Општина Могила, Општина Новаци.
Не е член во ниту една платформа/мрежа/коалиција и сл.
Мартин Николовски
5
/