Submission #368

Култура
Здружение за научно истражувачки работи МАД Македонско археолошко друштво Скопје
www.mad.org.mk; macedactaarchaeol.mk
mad.org.mk@gmail.com
078/366-110
Кеј Димитар Влахов бр. 19, 1000 Скопје
Здружението за научно-истражувачки работи МАД Македонско археолошко друштво Скопје е здружение на професионални археолози. Друштво е формирано во 1970 година како непрофитна организација со слободно и доброволно здружување на археолозите, заради остварување на јавен интерес и вршење на дејности и активности во македонската археологијата. Во својата долгогодишна работа друштвото го издава етаблираното стручно списание МасеЉтае ас1а агс1паео1о§1са, организира бројни симпозиуми, собири и конференции, апелира за состојбата во која се наоѓа археолошкото наследство како и за состојбите во археолошката струка.
Археолозите се здружуваат во Друштвото и заради остварување на поширок јавен интерес за подигнување на општата свест за значењето на археологијата како општествена дисциплина и значењето на заштитата на археолошкото наследство.
Целта на Друштвото е да ја промовира и развива археологијата, да ги промовира постигнатите резултати, да ја промовира заштитата на археолошкото наследство и да алармира за неговата состојба.
Во остварувањето на своите цели Друштвото обезбедува механизми за поединечно и институционално поврзување со сите што професионално се занимаваат со археологија, пројавуваат интерес кон археологијата или директно ја помагаат.
Друштвото обезбедува соработка со сродни асоцијации и институции од областа на археологијата и помошните археолошки дисциплини од други земји.
Своите цели и дејности Друштвото ги остварува во согласност со Уставот, законите кои ја регулираат дејноста на археологијата и сродните дисциплини, како и со други законски норми.
Друштвото соработува со сите институции за заштита на музејското и споменичното наследство, како и научните и високообразовни институции регистрирани за вршење на дејноста археологија.
Национален комитет на ICOMOS
Национален комитет на ICOM
Национален византолошки комитет
Сгоѕѕгеf; DOI фондација
д-р Орданче Петров
5 волонтери и 82 активни члена
/