Submission #376

Жени и родови прашања
Здружение на жени-менаџери ЕЛИТ Скопје
http://elite-awm.mk/
leni.ugrinovska@gmail.com
075/456-062
Ул. “Орце Николов“ бр.75, 1000 Скопје
Асоцијацијата на жени менаџери “ЕЛИТ“ е невладина, непартиска и независна организација која дејствува во правец на: Омасовување, Поттикнување и Промовирање на женското лидерство во економијата и другите сфери во општеството.
Наша мисија е да придонесеме да се воведат системски мерки кои ќе го зголемат бројот на жените на одлучувачки функции во компаниите, со што жената ќе стане значаен фактор во македонската економија.
Асоцијацијата е основана на 1-ви Септември 2009 година од страна на 13 основачи, кои се успешни жени од бизнисот од повеќе дејности.
Изборот на новите членови се одвива по пат на менторство при што основен критериум е успехот и лидерските способности кои ги поседуваат.
Асоцијацијата ќе се залага и ќе учествува во сите активности заедно со останатите невладини организации во земјата кои ќе овозможат во Република Македонија да се имплементираат:
 Правата на жената како човекови права.
 Еднакво учество на жените пред се во економскиот, а потоа во политичкиот, јавниот и приватниот живот.
 Економската независност на жената и рамномерната поделба во семејниот живот..
Стопанската Комора на РСМ;
Сојузот на Стопанските Комори;
Македонија 2025;
Македонско женско лоби;
Асоцијација на бизнис жени Скопје;
Центар за образование Тетово;
Женска младинска асоцијација Лулуди;
Здружение на граѓани Конект;
Асоцијација за афирмација на жените;
Универзитет за туризам и менаџмент;
Регионална Бизнис Асоцијација на БиХ;
Асоцијација на бизнис жени во Србија;
Асоцијација на Бизнис жени во Малме, Шведска;
Клуб на пратенички при Собранието на РСМ;
Комисијата за родова еднаквост меѓу жените и мажите при Собранието на РСМ;
ФРЕЈА форум;
Глобален клуб на жени лидери Г100;
Ленка Угриновска
30
1