Submission #402

Животна средина и природа
Здружение Центар за одржлив развој АЛКА
www.alka.mk
alka@alka.org.mk
02/3214505, 075422810 Даниела
Бул. Партизански одреди 62 1/16, 1000 Скопје
АЛКА како тим е ангажирана во активностите на граѓанскиот сектор на национално/регионално ниво од 1999 година, а регистрирана како здружение на граѓани во април 2004 година. АЛКА е посветена да работи кон создавање на организирано општество, со оснажени граѓани кои играат активна улога во создавањето подобра иднина за сите генерации (Визија на АЛКА). МИСИЈАТА на АЛКА е да ги стимулира и поддржува иницијативите на заедниците за одржлив развој и да работи на градењето на капацитети на регионалните и локалните власти, формалните организации, неформалните групи и граѓаните на локално и регионално ниво. АЛКА соработува со заедниците, општините, владините и невладините организации и институции, преку обезбедување техничка, консултативна и финансиска помош. Целта на оваа соработка е придонес кон одржлив развој на човечките и материјалните ресурси, како и зајакнување на демократските процеси во Република Северна Македонија.
Стратешките насоки на АЛКА се: (1) Градење на капацитети за локално и регионално партнерство за мобилизирање на природните и човечките потенцијали; (2) Иницирање и промовирање соработка и иновации во локалниот и регионалниот развој; и (3) Подобрување на перформансите на општествените чинители за развивање одржливи стратегии за решавање на приоритетните проблеми.
*Фондација Албиз
*Центар за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“, Скопје
*Здружението за угостителство и туризам, Крушево
* ФРЛЗ - Фондација за развој на локалната заедница, Штип
*ИРЗ - Институт за развој на заедницата, Тетово
*ЦУП - Центар за управување со промени, Скопје
*МЗМП - Македонското здружение на млади правници, Скопје
и др.
Здруженија од прекуграничните области, Албанија, Србија, Косово
Коалиција за клима
Елизабета Ѓорѓиевска, Претседател
5
2