Submission #58

Култура
Здружение Ансамбл на народни игри и песни „Орце Николов“
facebook: Ensemble of folk dances and songs „Orce Nikolov”- Skopje, Macedonia; www.orce.com.mk (во фаза на доработка).
ornik@t.mk
02/3116-117
Бул. Гоце Делчев бр. 4 МОБ (сутерен), 1000 Скопје
Ансамблот на народни игри и песни „Орце Николов“ од Скопје е формиран 1945 година (пред 70 години), со цел усогласување на заедничките потреби во областа на изучувањето, негувањето и презентирањето на македонскиот фолклор и обичаи изразени низ народните игри, песни, инструменти и носии кои го отсликуваат историското минато, богатото културно наследство и традициите на македонскиот народ и народите кои живеат во Република Македонија и пошироко.
Убавината на македонските народни игри и песни, инструменти и носии, талентот на играчите и одличните кореографии – среќно соединети во овој фолклорен колектив – стануваат инструмент за општото човеково тежнеење за мир и напредок, а со силата на својата уметност непосредно им говори на сите народи во светот – да се бришат границите меѓу луѓето и државите.
Во таа смисла Ансамблот врши сценско – уметничка дејност од областа на културата и фолклорот, насочувајќи ги своите заложби кон натамошниот развој и унапредување, не само на фолклорот, туку и на воспитанието, образованието и духовното творештво на Македонија. Нашиот ансамбл е еден од најуспешните репрезенти на македонскиот фолклор, за тоа говорат повеќе од 400 домашни и меѓународни награди и здруженија.

Во изминатите 70 години Ансамблот „Орце Николов“ разви широка активност во запознавањето и негувањето на народното творештво, особено почитувајќи ја сценската форма на нашата разновидна играорно – пеачка народна уметност.
Во своите редови Ансамблот има врвни познавачи на фолклорот и редовно и успешно соработува со поединци и институции од културата во Македонија.
Ансамблот е своевиден национален трезор, „мемориан код“ на фолклорното минато и сегашност на Македонија и Македонецот.
За успешноста на реализираните програми и проекти говорат илјадници настани. Со игри, песни, носии, обреди, изворни и народни инструменти, нашиот ансамбл и натаму дава свој придонес во националниот и културен развој на повеќе вековното традиционално постоење на Македонецот.
„Играта“ на „Орце Николов“ е манифестација на човек што живее со една вечна светла традиција, прикажана низ ората, музиката, песните и колоритните носии.
Сите овие атрибути придонесуваат Ансамблот „Орце Николов“ да биде еден од најрепрезентативните фолклорни ансамбли во градот и земјата, што на уметнички начин го афирмира фолклорот, Градот Скопје и Република Македонија реализирајќи го сето тоа со префинети уметнички нијанси, длабоко соединувајќи го и зачувувајќи го мостот кој не поврзува со фолклорното минато.
• Редовно и успешно соработува со поединци, граѓански здруженија и државни институции од културата во Македонија (Дирекцијата за Култура и Уметност на Град Скопје, КУД-ва и ансамбли од градот, земјата и светот) C.I.O.F.F. (светската фолклорна асоцијација)...
/
Сашо Кузаревски
260
1