Submission #191

Деца, млади и студенти
Здружение на граѓани Асоцијација за младинско зајакнување
www.yea.mk
youthea18@gmail.com
+38975203104
ул. Васил Ѓоргов бр. 18/2-16, 1000 Скопје
Асоцијација за младинско зајакнување - АМЗ е непрофитна граѓанска организација со седиште во Скопје, Македонија. Таа потекнува како иницијатива на неколку младински работници со долгогодишно искуство со организирање проекти и активности, при што младите се ставени како главната целна група на организацијата.

АМЗ има за цел да го промовира младинското учество и активно граѓанство преку методите на неформално образование за да се постигнат подобри младински политики, поголемо вклучување на младата популација во процесот на донесување одлуки и проширување на нивното влијание врз позитивниот развој на нашето општество. Нашите активности се состојат од развој на претприемничкиот и иновативен начин на размислување кај младите, промоција на активно учество како и зачувување и заштита на културното наследство. Главната цел на АМЗ е градење на капацитетите на младите во Македонија, со цел да се подобрат нивните компетенции, но и да ги подготви за идни проекти и работни обврски.
Александар Каратошо