Submission #232

Култура
Ансамбл Кочо Рацин
/
kracin@yahoo.com
071/947-783
Ул. Железничка 29, 1000 Скопје
Портфолио за Ансамблот ,,Кочо Рацин“-Скопје
Ансамблот ,,Кочо Рацин“-Скопје е формиран во 1946 год. и веќе 73 години го негува и презентира македонскиот и балканскиот фолклор во земјата и странство. Носител е на Орден заслуги за народ со сребрени зраци- признание од претседателот на ФНРЈ- Јосип Броз Тито од 1972, како и Тринаесето ноемвриска награда на град Скопје од 1974 год. Ансамблот е наградуван со повеќе од 300 домашни и меѓународни признанија и награди, а меѓу најзначајните се прво место во Дижон-Франција во 1957 год., како и првото место од публика во Закопане-Полска во 1993 год. 2019 год. е година во која е освоено прво и трето место во Хасково, Бугарија и секако најзначајната награда севкупен победник на фестивалот во Лебане, Србија со учество на 20 ансамбли. Ансамблот има одржано повеќе од 6 000 концерти во земјава и во сите држави во Европа, потоа Ирак, Иран, Јапонија, САД, Канада и Австралија.
Со фолклорни Ансамбли
СОФАМ-сојуз на фолклорни ансамбли
200
1